Author: diberkomuna

Синоќа, Дебар уште еднаш ја покажа својата историска и културна улога, претворајќи се во жариште на сеалбанскиот гордост.

Синоќа, Дебар уште еднаш ја покажа својата историска и културна улога, претворајќи се во жариште на сеалбанскиот гордост. Во родното место на Главниот Херој Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, се одржа свечениот концерт „Од Дибра до Арберија“, со учество на најистакнати уметници од сите албански краишта, во чест на 620-годишнината од раѓањето на Скендербег.

Настанот, организиран од Општина Дебар, пречека истакнати политички, академски и културни личности: пратеници од Албанија и Северна Македонија, ректорот на Универзитетот во Тетово г. Јусуф Зејнели, амбасадорот на Република Албанија г. Денион Мејдани и многу други почесни гости.

Концертот беше отворен од проф. Бесиана Мехмеди со моќна изведба, вклучувајќи и премиерна песна посветена на Дебар и Скендербег. На сцената се појавија и познати имиња како актерот Џеват Лимани, сопраното Маријана Лека – Голем Мајстор, хорот на Универзитетот во Тетово под водство на проф. Арификмет Џемаили, како и маестро Жани Цико со свечена изведба на химната на Европа.

Со своето академско обраќање, проф. Мухамет Мала од Академијата на науки и уметности на Косово го истакна обединувачкото значење на ликот на Скендербег и неговата длабока врска со Дебар.

Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници, а посебно на уметничкиот директор г. Шкодран Толај, за неговата визија и целосна посветеност во реализирањето на оваа незаборавна вечер за Дебар и целиот албански народ.

Теренска посета во рамки на проектот за интегрирано управување со шумите

Денеска реализиравме теренска посета во шумското подрачје Тартар Елевце, на територијата на Општина Дебар, во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите во сливот на реката Дрим“, кој се имплементира од CNVP во партнерство со ICEP Austria и е финансиран од Австриската агенција за развој (ADA).

Присутни на посетата беа:

• г. Нехат Рамадани, Директор на CNVP во РСМ

• г. Матијас Хуменбергер, Заменик амбасадор на Австриската амбасада

• г. Давид Мукенхубер, Раководител на канцеларијата на ADA во Албанија

• г-ѓа Астрид Таус, Менаџерка на проект од ICEP Austria

Проектот е во завршна фаза, и како резултат на истиот, на територијата на Општина Дебар се засадени 10.000 дрвја, а доделен е и подгрант за поддршка на едно семејно пчеларство.

По посетата, од страна на Австриската амбасада и CNVP беше организиран работен ручек, на кој се разговараше за можности за понатамошна соработка, особено во областа на екологијата и планинскиот туризам.

Петтата седница на Превентивниот совет

Денес, во просториите на Општина Дебар, се одржа петтата седница на Превентивниот совет, на која се дискутираше за прашања од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните.

Дневниот ред ги опфати следниве точки:

1. Дискусија за мерки за зголемување на јавната безбедност и превенција од кражби и разни закани;

2. Управување со отпадот и организирање на чистење на градот во летната сезона;

3. Превенција од пожари и контрола на отворени и затворени површини;

4. Почитување на условите за работа и работното време од страна на угостителските објекти;

5. Регулирање на сообраќајот и паркирањето на возилата во урбаните зони;

6. Други прашања од превентивен и организациски карактер.

На седницата беа усвоени конкретни цели кои ќе се реализираат во најоптимален рок, со цел унапредување на животните услови и безбедноста во нашиот град.

Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници за нивниот придонес и ги повикува граѓаните да бидат вклучени и да соработуваат во остварувањето на овие заеднички цели – за почиста, побезбедна и подобро организирана Дебар.

СООПШТЕНИЕ – 51 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02, 202/24 ),

 На ден .17.04.2025 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 51 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 24.04.2025 (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :

Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 50 записник

2.Предлог програма за заштита на населението од заразни болести во општина Дебар за 2025 година

3.Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој и Финансискиот извештај за 2024 година.

4.Предлог одлука за донесување на  УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СО ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ДВЕ И ПОВЕЌЕ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ од ГП 25.4 (КП 9208/20, КП 9208/10 и КП 9208/21 КО Дебар 3) согласно ДУП за дел од Блок 25 – Зона со специјална намена – касарна “Лиман Каба” Дебар (2009-2014) со намена Г2–лесна и незагадувачка индустрија – ОПШТИНА ДЕБАР

5.Предлог – Одлука  За донесување на  Доставување на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП .1.69 и ГП 7.1.70 од ДУП за блок 7, Општина Дебар.

6.Предлог – измена и дополнување на програмата за избработка на урбанистички планови и урбанистичка документацја на територијата на општина Дебар за 2025 година.

7.Извештај за реализациа на програмата за одржување јавна чистота во опшрина Дебар за 2024 година.

8.Предлог програма за одржување на јавната чистота на тетитиријата на општина Дебар за 2025 година.

9.Финансиски план на  ЈКП„Стандард„-Дебар за 2025 година.

10.Предлог одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на вработените во  ЈКП„Стандард„-Дебар кор имат сатус на административни -јавни службеници,даватели на јавни услуги и помош технички лица за 2025 година.

11.Предлог одлука за давање согласност на одлуката   за   утврдување   на  тарифи на комуналните услуги-Подигање и транспоерт  на смет ,услуги  донесена  од  УО  на ЈКП„Стандард„-Дебар.

12.Предлог одлука на цени за јавна чистота.

13.Завршна сметка на ЈКП„Стандард„-Дебар за 2024 година.

14.Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ„Саид Најдени „-Дебар за 2026 година.

15.Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Пенестиа„-Дебар за 2026 година.

16.Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Ристе Ристевски „-с. Долно Косоврасти за 2026 година.

17.Измена и дополнување на одлука за извршување на буџетот на општина Дебар за 2025 година.

18.Предлог одлука за финансиско учесство за реализирање на проектот јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавна на опрема.

19.Барање за финансиска подршка.

Јавен повик за Локално собрание за млади

Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( „Службен весник на РСМ“  број 10/2020 ) и  член 56 од Статутот на Општина Дебар  (“Службен Гласник на Општина Дебар” бр. 27/23,38/24,45/24), иницијативниот одбор распишува:

Јавен повик за Локално собрание за млади

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Дебар распишува јавен повик за членство во Локалното собрание за млади.

Повикот е отворен за сите младиснки организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Дебар;
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отварањето на овој повик;
  • Делегатот/ ката и заменик – делегатот/ ката да се жители на Општина Дебар и да се на возраст од 15 до 29 години.

Членовите на Локалното Собрание на млади имаат задача:

  • Да работат на спроведување на активностите на Собранието;
  • Да учествуваат во подготовка на документи и
  • Да изберат членови на Локалнииот Младински совет (ЛМС).

Иницијативниот одбор ја спроведува постапката за избор на членови на Локалната Собрание на млади на Општина Дебар, а работата на истото се координира и помага од страна на Службеникот за млади во Општина Дебар.

Додека пак, конкретните цели, задачи и начин на работа на членовите на Локалната Собрание на млади се опишани и објаснети ва Прирачникот за Локални Младински совети, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Задолжителни документи:

  1. Портфолио за работата на организацијата;
  2. Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница;
  3. Годишен извештај за работата од претходната година со кој се поврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Дебар;
  4. Номинација на делегат/ ка и заменик – делегат/ ка со контакт – детали за претставниците

Рокот за пријавување е од 22.04.2025 до 02.05.2025 година.

Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е- маил: dibra@dibra.gov.mk  и да ги поднеат во архивата на Општина Дебарул. „8-Ми Септември“ бр. 72, 1250 Дебар, со назнака: Апликација за членство во Собранието на Советот на млади.

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање на Локално собрание за млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Дебар.

Чистење на водните бразди

Општина Дебар, секогаш во тесна соработка со претставниците на селата, постојано е посветена да им помогне на жителите во исполнувањето на нивните барања и потреби. На средбите одржани на 1 април беше истакната неопходноста од чистење на водните бразди кои служат за наводнување на земјоделските полиња во селата. Во таа насока се обврзавме да ги обезбедиме потребните ресурси и денес работата започна. Ги повикуваме раководителите на месните заедници да се појават во општината, со цел оваа активност да се води што е можно подобро и во заеднички интерес на заедницата.

8 април-Меѓународниот ден на Ромите

По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, одржав средба со членовите на Здружението „Хена/Месечина“ како и со неговиот претседател г-дин Илми Куртиши. Ја искористив оваа прилика да ги пренесам моите најтопли честитки за овој посебен ден, упатени до целата ромска заедница во нашата општина и пошироко.

Општина Дебар, во соработка со локални и меѓународни невладини организации (како Ромактед), како и со поддршка на централната власт, реализираше голем број значајни проекти од областа на образованието, предучилишното образование и инфраструктурата. Овие иницијативи дадоа значаен придонес за подобрување на благосостојбата на ромската заедница во нашиот град.

Среќни празници на сите Роми – со желба заедно да ја градиме иднината, на темелите на еднаквоста, почитувањето и соживотот!

СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ

Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, градоначалникот на Општина Дебар донесе Решение за назначување на службеник за млади.

БЛЕРОН СЕФЕРИ

e-mail: dibra@dibra.gov.mk
 bleronseferi@dibra.gov.mk

+389 46 831 196

Општина Дебар
8 Септември бr 72, Дебар, Република Серверна Македонија


Службеникот за млади ги извршува следните работни задачи и обврски:


1. Развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики,
2. Поддршка на работата на органот на државната управа, локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност,
3. Одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите,
4. Следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на органот на државната управа, општината, консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите,
5. Обезбедување информации и информирање на младите,
6. Водење на база на податоци за разни младински активности, активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт,
7. Редовна комуникација со Агенција за млади и спорт,
8. Да биде контакт за сите младински прашања на органот на државната управа, локалната самоуправа кон младите и јавноста,
9. Службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади;


ДОКУМЕНТИ:

– Извештај за работата на Општина Дебар во делокругот на млади за 2025 година


ЗАКОН за младинско учество и младински политики

Skip to content