Author: diberkomuna

Синоќа успешно ја завршивме втората фаза од дезинфекцијата

Синоќа успешно ја завршивме втората фаза од дезинфекцијата во општина Дебар, во рамките на годишната програма за 2024 година за заштита на населението од заразни болести. Овој процес вклучува контрола на штетните инсекти и животни во различни средини, како што се домови, бизниси и други средини. Оваа активност е насочена кон спречување на штети и здравствени ризици, како и одржување на хигиената и безбедноста во средината каде што живееме и работиме.

СООПШТЕНИЕ – 41 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

 На ден .26.07.2024 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 41 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 31.07.2024 (СРЕДА) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :

                              Д н е в е н     р е д

1. Усвојување на 40 записник

2.Предлог одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општината Дебар за 2024 год.

3.Барање за согласностза измена и дополнување на годишен план за вработување за 2024 година во Општина Дебар.

4.Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во  ЈОУДГ ,,Брешиа,,  Дебар за 2025 година.

5.Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ,,28 Ноември ,,Дебар за учебна година 2024/2025

6.Предлог одлука  за изменување на Одлуката за ослободување од плаќање комуналии за ИВЗ Муфтиство Дебар.

7.Предлог одлука за распределба на финансиски средства за спортски клубови за 2024 година.

8.Предлог одлука за распределба на финансиски средства за област на културата за 2024 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ за дезинсекција, систематска превенција за искоренување на комарците на територијата на општина Дeбар

Почитувани,   Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на CРМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведуваwе на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа против епидемиска мерка Друштво за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци издава следното  соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 08.07.2024 год.(понеделник), екипите на Друштво за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во  Општината,  крајбрегјето на  Дебарското езеро,  депонии и погранишен појас, урбаната  населба Дебар како и останатите локалитети предвидени  во планот и  програмата. Се бара пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за производство, градежништво,инженеринг,трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци е: 070 520 023…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02), Член 16, 17, 18 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020) и член 56 од Статутот на Општина Дебар се објавува:    
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР    
Општината распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики. Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината. Улога и задачи на Иницијативниот одбор: • Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС, • Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност, • Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади. Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот. Задолжителни документи:  
• Портфолио на организацијата/групата/здружението,
• Годишна програма за работа,
• Извештај за активности со млади во изминатата година,
• Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
• Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.  
Начин на пријавување: преку адреса на е-пошта Е-mail: dibra@dibra.gov.mk

Рок за пријавување:20 ден од денот на објавувањето

Превентивниот совет на општина Дебар

Превентивниот совет на општина Дебар овој месец заседаваше по втор пат за да координира некои заеднички активности кои ќе имаат многу позитивен ефект, особено во регулирањето на сообраќајот во градот, проблемот со питачите кои доаѓаат во нашиот град, проблемот со паркирањето и стационирањето на комбињата кои сообраќаат во општината и оние кои доаѓаат од надвор, проблемот со паркирањето автомобили на тротоарите и некои други проблеми кои со заедничка заложба ќе се решат за рекордно време.

Советот за превенција ќе се состанува редовно еднаш месечно и во други случаи по потреба.

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СО  ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЕДНА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА од ГП 13.1.03 и ГП 13.1.04 согласно ДУП за дел од Блок 13 – плански период (2019-2024) со намена А2 –домување во станбени згради – ОПШТИНА ДЕБАР, со технички број 005/03/25, Maj 2024

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СО  ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЕДНА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА од ГП 13.1.03 и ГП 13.1.04

Известување

Врз основа на последните примероци земени од Дебарското Езеро од Центарот за јавно здравје (ЈЗУ) – Охрид, од микробиолошките анализи, експертското мислење вели:
Според испитуваните параметри на ЕЗЕРСКА ВОДА а според (Сл.Весник на РМ бр. 129/2016) , класификацијата е
оценета со ОДЛИЧНА.а според Уредбата за класификација на водите 18/99 испитувањето на параметрите од хемиската анализа одговараат на I-ва класа.Резултатите се однесуваат само на испитуваниот примерок езерска вода.

Оваа вода може да се користи за капење и рекреација како и за спортови на вода!!!

ЈЗУ- Охрид

mostra_resenie_1477 Download

mostra_resenie_1478 Download

mostra_resenie_1479 Download

mostra_resenie_1480 Download

mostra_resenie_1481 Download