Author: diberkomuna

Резервоарот за вода за пиење


Иако имавме многу пречки од различна природа, почнувајќи од пандемиската криза, општина Дебар продолжува силно да ги спроведува барањата на граѓаните составени во форма на проекти од страна на општината. Резервоарот за вода за пиење за стариот дел на Дебар, денес станува реалност за жителите на овие простори. Наскоро со други проекти.
……..
Вредност на договорот, 5.339.500 со вклучен ДДВ. Од оваа вредност, 3.200.000 денари се средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, додека 2.139.500 денари се од буџетот на општината. Фирма: Инсталација, Кичево

Фестивал за песни за деца на албански јазик „Билбилат е Корабит“,

Во пресрет на денот на знамето, фестивал за песни за деца на албански јазик „Билбилат е Корабит“, иако во пандемски услови, повторно им даде можност на малите деца на Дебар да„твитнат“ и во 10-тиот по ред издание. Десет години по ред, овој фестивал се одржува со национален и меѓународен карактер, заблагодарувајќи им се на организацискиот персонал под неуморно раководство на Зинче Мимединовски како и на поддржувачите како што се Министерството за култура, општина Дебар, бањите „Цапа“ и други. Честитки за сите кои беа наградени и за следени успеси.

СООПШТЕНИЕ

Врз основа член 7 од  Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 4/05)
На ден 24.11.2020год. се донесе:

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 42та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

СЕ   СВИКУВА  38таседница   на    Советот на Општина Дебар.
Седницата се свикува за 27.11.2020 (Петок) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на
Општина Дебар.

За седница  се предлага овој : -усвојување на 39,40,41 записник


Д н е в е н     р е д
 
1. Извештај за извршување на Буџетот на Општината Дебар за 2020 година – Трет квартал со за клучок за усвојување.
2. Нацрт Буџет на Општина Дебар за 2021 година, со заклучок за утврдување.
3. Предлогпланот- Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички
план на град  Дебар.
4. Предлог одлука за динесување предлог план Детален урбанистички план за Блок -19 КО Дебар3,Општина Дебар ,со плански период 2019-2024.
5. Барање согласност за утврдување на новите цени за снабдување со вода за пиење и одведување на отпадни води.
6. Предлог Програма за одржување на општинските патишта и улици во територијата на Опшна Дебар за 2020/2021 во зимски условисо заклучок за донесување.
7. Барање од здружение на бифш политички затфореници ограног Дебар.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За подобрување на јавните услуги и транспарентност, Општина Дебар создаде образец што им овозможува на сите заинтересирани правни и физички лица да достават барања или мислења за пополнување на буџетот на Општина Дебар за 2021. Заинтересираните лица можат да го пополнат образецот кој се наоѓа на линкот подолуAa

https://forms.gle/SKEnFoAh7GtXAWjr7

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За подобрување на јавните услуги и транспарентност, Општина Дебар создаде образец што им овозможува на сите заинтересирани правни и физички лица да достават барања или мислења за пополнување на буџетот на Општина Дебар за 2021. Заинтересираните лица можат да го пополнат образецот кој се наоѓа на линкот подолуAa

https://forms.gle/SKEnFoAh7GtXAWjr7

Градоначалникот на општина Дебар г. Хекуран Дука на состанок ја прими г-ѓа. Кејт Мари Бирнс, американска амбасадорка во РСМ

Денес со посебно задоволство градоначалникот на општина Дебар г. Хекуран Дука на состанок ја прими г-ѓа. Кејт Мари Бирнс, американска амбасадорка во РСМ. Средбата помина во многу пријателска атмосфера и главно се разговараше за поставување на поцврсти столбови за соработка и интерес на двете земји. САД како стратешки партнер, беа присутни во економскиот развој на нашата општина преку разни фондации и оваа помош ќе продолжи. Во овој поглед, мост се Дебарчаните кои живеат и работат во Америка и претставуваат еден од најважните фактори за економската благосостојба на дебарските фамилии .Ви благодарам Америка!

Aмбасадорка на Велика Британија во посета на општина Дебар

Нејзината екселенција Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во посета на општина Дебар. Интересот на амбасадоркатс за негативното влијание на пандемијата врз целокупниот развој на општината како и изнаоѓање можности за реализација на проекти во најбрз можен рок кои се состојат од подобрување на условите за живот на граѓаните. Амбасадорката изрази подготвеност за поблиска и поконкретна соработка меѓу Велика Британија и општина Дебар.

Денес, еден ден по почетокот на новата учебна година, ги посетив деветгодишните општински училишта за да се запознам со проблемите што на крајот може да произлезат од антиковид мерките во образовниот процес. При прегледот на централните училишта во Дебар и Долно Косоврасти, утврдено е дека директорите ги презеле сите потребни мерки согласно протоколот за започнување на наставата за учениците од прво до трето одделение со физичко присуство, додека другите класови преку интернет платформата. Општина Дебар со сите свои можности ќе биде близу до училиштата и ќе ги поддржува во решавањето на сите проблеми.

Skip to content