Author: diberkomuna

Чистењето на јавните површини продолжува

Чистењето на јавните површини продолжува секојдневно од страна на работниците од општината. Се чистат најжешките точки, особено патиштата кои водат до влезовите на градот како и околните места каде што се наоѓаат контејнери за отпад. Бидејќи сè уште има луѓе кои неодговорно фрлаат ѓубре на забранети места, ја користиме оваа прилика да апелираме за дополнителна грижа за чистотата во градот.

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентанција за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 3 , Општина Дебар”

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентанција за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 3 , Општина Дебар”

Меѓународниот ден на Ромите 8 април

Денеска општина Дебар во соработка со ромските здруженија организираше активности во чест на Меѓународниот ден на Ромите 8 април.
Привремено поставување на ромското знаме пред општина Дебар и во
Населбите Маназјар и Вакоф. Поздравувајќи ги претставниците на Ромите и пофалувајќи ги најдобрите студенти Роми. Од хуманитарното здружение Месечина, на општина Дебар и беа доделени Благодарници за плодна билатерална соработка. Одржување на средба во културниот центар Дебар каде во мојот говор им честитав 8 април на сите Роми во нашата општина и пошироко. Континуирано ќе бидеме посветени на унапредување на оваа заедница преку проекти. Честитки!

Нови партнери за подобро општинско буџетирање

Во организација на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), бевме поканети да презентираме на состанокот „Нови партнери за подобро општинско буџетирање“. Општина Дебар веќе е партнер на првата група и дел од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, кој проект е финансиран од оваа агенција. Денеска ни се придружи втората група од 24 општини. Дебар досега е корисник на 4 проекти на УСАИД, проекти со кои значително ќе се подобри ефикасноста на општинската администрација во исполнувањето на обврските кон граѓаните. Амбасадорката на САД Кејт М.Бирнс во својот говор, меѓу другото, ја спомена само општина Дебар „…како добар пример за општина Дебар каде на влезот на општината, јавно и видливо за граѓаните се прикажани дневните трошоци на општината“.

Честит месец Рамазан на сите муслимани

Почитувани граѓани на општина Дебар.
Утре е првиот ден од благословениот месец Рамазан.
По повод почетокот на големиот месец Рамазан, сакам да ги изразам моите најсрдечни желби, посакувајќи ви лесен пост, хармонија, душевен мир и благосостојба во вашите семејства.
Посакувам овој месец, како и разбирањето, зближувањето и солидарноста меѓу луѓето да преовладува меѓу секој од вас.
Затоа, со почит и задоволство, од името на општина Дебар и од мое лично име, на сите верници ви го честитатам овој месец на пост.
Хекуран Дука
Градоначалник на општина Дебар.

Речиси е завршен најприоритетниот проект на општина Дебар

Речиси е завршен најприоритетниот проект на општина Дебар за замена на вентили за воздух и вода на линијата од Росок до главниот резервоар на градот. Со овој проект, општина Дебар презеде храбри чекори да интервенира во најделикатниот дел од градското водоснабдување, но кој ќе биде една од најважните зафати за подобрување на недостигот од вода за пиење во нашата општина. Согласно проектот, до крај ќе се изврши поставување на помал број вентили и изградба на 3 големи шахти заедно со најсовремена опрема, која ќе биде лоцирана на главните крстосници каде моментално има загуба на вода. Овој проект е само прва фаза од решавањето на проблемот со водата за пиење, после тоа ќе има уште 2 проекти (кои се во подготовка) и се надеваме дека до крајот на следната година еднаш засекогаш проблемот со водата за пиење во општина Дебар , да се реши.

Употреба на мобилни апликации во процесот на учење

Од програмата на Европската Унија Еразмус +, општинското училиште 28 Ноември со координатор Арбр Амбари, доби уште еден проект
„Употреба на мобилни апликации во процесот на учење“ каде како партнери се земјите:
Италија, Португалија, Полска и Турција. Сите претставници беа примени и во општина Дибр да му дадат тежина и сериозност на овој значаен проект во образовниот процес.

Соопштение – 7-ма седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     
На ден    28.03.2022год. се донесе:
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 7та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР
Cедницата се свикува за   31.03.2022 (ЧЕТВРТОК ) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.                     

За  седница  се предлага овој :
                        Д н е в е н     р е д    

1.Усвојување на 6 записник.
2.Предлог решение за избор на член на Комисијата за мандатипрашања,избори и именувања како постојана комисија при Советот на Општината.
3.Предлог решение за избор на член на комисијата за  финансии, буџет и локален економски развој како постојана комисија при Советот на Општината.
4.Предлог решение за избор на член на комисијата за општествени дејности како постојана комисија при Советот на Општината.
5.Предлог решение за избор на член на комисијата за  изготвување на Програмата за работа на Советот на Општината како постојана комисија при Советот на Општината.
6.Предлог одлука за усвојување на платата на вработените во општинската администрација на Општина Дебар со минимална плата во РСМ.
7.Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој и Финансискиот извештај за 2021 година.    
8.Предлог решение за разрешување и именување на член во управниот одбор на Ју меѓуопштински центар за социална работа Дебар.
9.Предлог одлука  за утврдување потреба да се донесе урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти на К.П. бр. 9314, К.О. ДЕБАР.
10. Завршна сметка на ЈКП„Стандард„-Дебар за 2021 година.
11.Предлог одлука за извршување на јавни набавки на Општина Дебар од страна на ЈКП Стандард-Дебар.
Skip to content