Author: diberkomuna
Соопштение – 20-та седница
| Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 20.12.2022год. се донесе: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 20 та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР Cедницата се свикува за 22.12.2022 (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар. За седница се предлага овој : Д н е в е н р е д 1. Усвојување на 19 записник 2.Предлог Буџет на Општината Дебар за 2023 година со заклучок за донесување. 3.Предлог одлука за извршување на Буџетот на Општината Дебар за 2021 година. 4.Предлог одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2023 година во Општина Дебар. 5.Буџетски календар во општина Дебар за 2023 год. 6.Извештај за реализација на годишната Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во подрачјето на Општина Дебар за 2022 год, со заклучок за усвојување. 7.Предлог годишна Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштина на општинските патишта и улици во подрачјето на Општина Дебар за 2023 год. со заклучок за донесување. 8.Предлог Програма за активностите на Општина Дебар од областа на културата и нивното финансирање за 2023 година 9.Предлог Програма за активностите на Општина Дебар во областа на спортот во 2023 годинa 10.Предлог Програма за еднакви можности на Општина Дебар во 2023 годинa. 11.Извештај на Програма за работа на Советот на Општината Дебар за 2022 година. 12.Предлог Програма за работа на Советот на Општината Дебар за 2023 година со заклучок за донесување. 13.Предлог локален акциски план на Општина Дебар и Ромската заедница Јануари 2023-Јуни 2026 |
Соопштение – 19-та седница
| Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 12.12.2022год. се донесе: РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 19 та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР Cедницата се свикува за 15.12.2022 (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар. За 19 та седница се предлага овој : Д н е в е н р е д 1. Усвојување на 18 записник. 2.Верификација на мандатот на новоизбраниот член на Совет на Општина Дебар. 3.Предлог Одлука измена и дополнување на план за вработување на ООУ “Ристе Ристевски“с.Долно Косоврасти. 4.Предлог нацрт Буџет на Општина Дебар за 2023 година, со заклучок за утврдување. |
Kамион за собирање и транспортирање на отпадот
Општина Дeбар денеска доби и камион за собирање и транспортирање на отпадот, кој е наменет за маневрирање по уличките на градот, како и во руралните делови на општината.
Предметниот камион е донација од Светска банка во рамки на проектот на општина Дeбар „Зајакнување на капацитетите на општинското претпријатие“. Оваа машина од страната на општината беше предадена на НКП / ЈКП „Стандард“ што ќе ја зголеми и ефикасноста при работа на оваа претпријатие.
Како резултат на проектот, општина Дебар има добиено:
1. Нови контејнери за отпад 130 парчиња
2. Камиони за собирање и транспорт на отпад, 2 парчиња
3. Специјален камион за чистење на отпадни води (Canal Jet).
Со овој проект, возниот парк на НКП „Стандард“ е опремен со најмодерни автомобили кои никогаш не ги имала или ги имала на позајмица од други општини.
#ЗеленаПлатформаВоИмплементација.
Продолжуваме со сигурни чекори …






16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња
Почитувани, Со голема чест и задоволство Ве каниме на настанот во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња”, што ќе се одржи на 9.декември 2022 (петок), во 18:30 часот, во Ресторант Уранику. Кампањата се спроведува секоја година во период од 25.ноември до 10.декември во организација на Обединетите нации (ООН), Европската унија (ЕУ) и на ОБСЕ, а годинава тема на кампањата е „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави”. Настанот има за цел да ја подигне свеста за борба со дигиталното насилство, како и родово-базираното насилство воопшто, а дискусијата ќе се одвива во однос на тоа како социјалните платаформи станаа места каде се одвива онлајн насилство врз жени и девојчиња, кои се предизвиците и моменталните прилики и кои би биле предлозите и начините за подобрување на состојбата. Дискусијата ќе се одвива во рамки на панел дискусија, а настанот предвидува и музички перфоманс на виола и виолончело на дуото Инфинитас. Ве очекуваме,

Известување
Почитувани граѓани, претставници на невладини здруженија, спортски клубови, бизнисмени, заинтересирани како и секој обичен граѓанин, ве покануваме да учествувате на Јавната расправа за Предлог-буџетот на општина Дебар за 2023 година, која ќе се одржи на 12.12 .2022 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот во Салата на Советот на општина Дебар. Транспарентноста и учеството на граѓаните во секоја фаза на одлучување се столбовите на она што им го ветивме на граѓаните и се трудиме да го спроведеме, па затоа сте поканети да ги дадете вашите идеи.
Со почит,
Градоначалник на општината
д-р Хекуран Дука
Почна програмата на здржението на историчарите во Дебар подржана и финансирана од општина Дебар.
Со одбележувањето на денот на азбуката на албанскиот јазик и откривањето на споменикот 110 години незвисност, почна програмата на здржението на историчарите во Дебар подржана и финансирана од општина Дебар. На оваа средба, градоначалникот на општината, г. Хекуран Дука пред ветераните на албанското образование во Дебар, претседателот на општинскиот совет Фуат Спахиу заедно со членовите на општинскиот совет, директорите на деветгодишните општински училишта, граѓани на општината, го поздрави оваа иницијатива упатуваќи честитки до сите албанци за овој многу важен празник. Потоа беше прочитана изјава од историчарите за важноста на овој многу важен историски датум за албанците. За активностите што ќе се спроведат оваа недела во нашиот град, говореше г-ѓа Ќендреса Мула Пачуку, претседателката на здружението на дебарските историчари, повикувајќи ги сите граѓани за масовно учество и за заедничка прослава.Среќни ноемвриски празници!











Известување
Со цел да се подобрат јавните услуги и транспарентноста, Општина Дебар воспостави формулар што им овозможува на сите заинтересирани правни и физички лица да достават барања или идеи за пополнување на буџетот на Општина Дебар за 2023 година. Заинтересираните лица можат да го пополнат образецот што се наоѓа на линкот подолу.https://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/



