Author: diberkomuna

Соопштение

Општина Дебар, заедно со ЈПК “Стандард”, ги известува граѓаните дека патот кон селото Елефц е целосно исчистен и сообраќајот е вратен во нормала.

Тие завршија со:

поправка на водоводната цевка која го снабдува резервоарот во зоната

чистење на целиот свлечен материјал

воспоставување на безбеден сообраќај на овој патен правец

🚜 Патот сега е прооден и може да се користи нормално. Ги замолуваме граѓаните да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да се движат со вообичаена внимателност.

Ви благодариме за соработката!

Дебар – природно и културно богатство што чека да биде откриено!

Општина Дебар оваа година за првпат учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT во Истанбул, означувајќи значаен чекор кон меѓународна промоција на туристичките потенцијали на нашиот град. Овој проект се реализира во соработка со Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Во рамките на саемот се претставуваат природните убавини, културното наследство, традициите и препознатливото гостопримство на Дебар, претставувајќи го градот како дестинација со голем потенцијал за развој на туризмот.

На саемот, заедно со делегација од Северна Македонија, присуствуваат г Фисник Мела, градоначалник на Општина Дебар, г Зоран Лутков, министер за култура и туризам, како и г Менди Ќира, градоначалник на Општина Струга. За време на престојот на саемот, за значењето на промоцијата на нашите градови на меѓународната туристичка сцена и можностите што ги отвора ова учество за понатамошен развој на секторот.

За време на саемот беа реализирани средби и со повеќе туристички агенции, со цел зголемување на соработката и привлекување на што поголем број туристи во нашиот град.

Градоначалникот Мела истакна дека претставувањето на Дебар на саем од вакви размери претставува важен момент за иднината на туризмот во градот и за зајакнување на неговата видливост како туристичка дестинација.

Преку ова претставување, Дебар има за цел да се позиционира како привлечна дестинација за природен и културен туризам, зацврстувајќи ја улогата на туризмот како важен столб на локалниот економски развој.

Отстранување на возила во неправилна состојба

Општинскиот комунален инспектор на Општина Дебар на 05.02.2026 година, по извршен теренски надзор, постапувајќи врз основа на Комунален ред (службено гласник 07-1040/6) поточно членовите 106,107,108,109,110 за отстранување на возила во неправилна состојба, пронашол 8 возила во неправилна состојба паркирани на јавни површини кои го попречуваат слободното движење на пешаците и возилата.

На сите оштетени возила им се поставени ИЗВЕСТУВАЊА за доброволно отстранување од страна на сопствениците во рок од 15 ДЕНА, во спротивно по истекот на наведениот рок, ќе бидат преземени законски мерки против сопствениците и присилно отстранување.

Оваа акција на Општина Дебар ќе продолжи и во наредните денови, ги повикуваме сопствениците на оштетени возила да ги отстранат од јавните површини.

Официјална посета и работна средба во централата на Knauf, Ипхофен – Германија

По официјална покана од компанијата Knauf, во изминатите денови беше реализирана значајна работна средба во централата на оваа компанија, светски лидер во производството на гипс и сродни производи. Посетата се одржа во градот Ипхофен, Германија, каде што се наоѓа управниот центар на повеќе од 320 фабрики на Knauf ширум светот.

Оваа посета претставува првпат градоначалник на Општина Дебар да ја посети централата на Knauf во Германија, што е јасен показател за стратешкото значење на соработката меѓу двете страни.

На средбата учествуваа:

• Tobias Stricket – директор за стратешки инвестиции на глобално ниво

• Thomas Krämer – технички менаџер на глобално ниво

• Blendar Sela – менаџер на фабриката Knauf во Дебар

За време на разговорите беа разгледани функционирањето на постојната фабрика во Дебар, досегашните реализирани инвестиции, како и плановите за изградба на нова фабрика со значително поголеми производствени капацитети, со вкупна вредност на инвестицијата од околу 44 милиони евра.

Во рамки на посетата беше остварена и посета на фабриката на Knauf во 🇩🇪 Ипхофен, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс. Одблиску беа презентирани производствените процеси и најсовремените технолошки стандарди, со посебен акцент на високото ниво на безбедност и примената на исти стандарди во сите фабрики на Knauf ширум светот, без користење на нестандардни или ризични практики. Ова гарантира дека секоја идна инвестиција во Дебар ќе биде целосно усогласена со најдобрите и безбедни индустриски практики на глобално ниво.

Дополнително, беа остварени и почетни разговори за можна соработка помеѓу Општина Дебар и компанијата Knauf во повеќе области од заеднички интерес, со цел поттикнување на локалниот економски развој и создавање нови можности за граѓаните.

➡️ Дебар продолжува да биде дел од сериозни проекти, со долгорочна визија и конкретни инвестиции за иднината.

Г. Алија Идризовски вршител на должност директор на Основното училиште „Ристе Ристевски“

Денес, Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, го именуваше г. Алија Идризовски за вршител на должност директор на Основното училиште „Ристе Ристевски“.

Именувањето следува по повлекувањето од субјективни причини на досегашниот директор, г. Арменд Незири, на кого Општина Дебар му изразува благодарност за неговиот ангажман и придонес за време на извршувањето на функцијата.

Градоначалникот Мела му посакува успех во новата должност на г. Алија Идризовски, изразувајќи уверување дека тој ќе ја извршува функцијата со одговорност и посветеност, во интерес на учениците, наставниот кадар и локалната заедница.

Oфицијална посета Амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, г. Ќехаја

Општина Дебар имаше чест да го пречека на официјална посета Амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, г. Ќехаја. За време на посетата, амбасадорот беше примен од градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела.

На средбата се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка, добрите односи меѓу двете држави, како и за можностите за идна соработка во области од заеднички интерес за граѓаните.

По тој повод, амбасадорот Ќехаја му го честиташе новиот мандат на градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, посакувајќи му успех во водењето на општината и во реализацијата на проекти во интерес на граѓаните на Дебар.

Градоначалникот Мела му се заблагодари на амбасадорот за посетата и за честитките, изразувајќи подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката во иднина.

U emërua u.d. drejtor të Shkollës Fillore “Riste Ristevski”

Sot, Kryetari i Komunës së Dibrës, z. Fisnik Mela, ka emëruar u.d. drejtor të Shkollës Fillore “Riste Ristevski” z. Alija Idrizovski.

Ky emërim vjen pas tërheqjes për shkaqe subjektive të drejtorit të deritanishëm, z. Armend Neziri, të cilit Komuna e Dibrës i shpreh falënderim për angazhimin dhe kontributin e dhënë gjatë ushtrimit të detyrës.

Kryetari Mela i uron z. Alija Idrizovski sukses në detyrën e re, duke shprehur besimin se ai do ta ushtrojë funksionin me përgjegjësi dhe përkushtim në shërbim të nxënësve, stafit arsimor dhe komunitetit.

СООПШТЕНИЕ – 6-та седница

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

На ден 26.01.2026год. се донесе:    

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 6та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР  

Cедницата се свикува за 30.01.2026 (ПЕТОК )со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.          

За 6таседница се предлага овој :  

Д н е в е н     р е д  
1. Усвојување на 5 записник.
2.Извештај на  Програма за работа на Советот на Општина Дебар за 2025  година, со заклучок за освојување.
3.Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Дебар за 2026 година.
4. Разно.  

Соопштение за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за Предлог план “Урбанистички план за село Рајчица со разработка на Блок 1 и Блок 2, Општина Дебар” плански период 2021- 2031.

Предлог план “Урбанистички план за село Рајчица со разработка на Блок 1 и Блок 2, Општина Дебар” плански период 2021- 2031.

О Г Л А С за јавно излагање на проектната програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 7.2.136 и ГП 7.2.137, согласно Детален урбанистички план за Блок 7, Општина Дебар, Одлука бр. 08-270/23 од 28.02.2024 г. со намена А2- Домување во станбени згради, Општина Дебар

Skip to content