Индекс за активна транспарентност 2022. Општина Дебар во групата на општини со многу добра оценка.
Индекс за активна транспарентност 2022. Општина Дебар во групата на општини со многу добра оценка.
Индекс за активна транспарентност 2022. Општина Дебар во групата на општини со многу добра оценка.
Секојдневно чистење на улиците од ѓубрето кое се фрла насекаде. Чистотата е резултат на заедничка посветеност.
Вечерва и секоја наредна вечер чистење на градот и во доцните часови со ноќни смени. За чист Дебар заедно со граѓаните.
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 01.08.2022год. се донесе Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 13 та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР Cедницата се свикува за 05.08.2022 (ПЕТОК) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар. За седница се предлага овој : Д н е в е н р е д 1. Усвојување на 12 записник. 2.Предлог Одлука за дополнително задолжување на средсва добиена од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка) преку Втор проект за подобрување на општинските услуги. 3.Предлог Одлука за усвојување на урбанистичка ревизија за Општина Дебар. 4.Предлог Одлука за користење на Грант средстваза социјална вклученост и сиромашни области на општина Дебар во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) финансиран со заем од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка). |
Денеска започна традиционалниот турнир во мал фудбал „Дибра 2022“ во организација на општина Дебар. Благодарност до организационата екипа, екипите учесници и спонзорите кои ја подржуваат оваа спортска активност за дебарската спортољубива публика. Со среќа и нека победи најдобриот!Во пријателска атмосфера, натпреварите од првиот ден од турнирот завршија со следните резултати:
Korabi u15 – Armani brand. 3:2
Princ cafe. – Friend zone. 4:0
Kosovrasti. – Flamuri IP. 5:1
Retro pizza – Emin dent. 10:7
Продолжуваме утре вториот ден со почеток во 18.30 часот.
Поради тригодишните рестрикции како последица на пандемијата, оваа година ќе ја продолжиме традицијата на турнирот во мал фудбал „Дибра 2022“, кој е под покровителство на општина Дебар. Почетокот ќе биде во понеделник во 18:30 часот, а отворањето, во присуство на градоначалникот д-р Хекуран Дука, ќе го направат играчите на КФ Кораби-У15 со цел истите и во иднина да ја продолжат оваа традиција. Екипите учесници и распоредот на натпревари се како во табелата подолу:
Виртуелен туристички водич за општина Дебар , спонзориран од самата општина. Во соработка со компанијата „Македонија од горе“ – која подготвува Виртуелни туристички водичи низ Македонија, општина Дебар спонзорираше виртуелен поглед од 360 степени и за нашата општина. Примарната цел на овој проект е да понуди виртуелна обиколка на општината на динамичната веб-страница www.macedoniafromabove.mk.
• градови
• села
• хотели
• ресторани
• музеи
• Меморијални центри и споменици
• Верски објекти – цркви, манастири, џамии…
• и други прекрасни пејсажи и локации кои би го интересирале секој турист.
Оваа апликација постојано ќе се ажурира со нови податоци.
Денес ја посетив реализацијата на проектот стекнат од основното училиште „Пенестија“, кој се состои во создавање услови за пристапност на лицата со посебни потреби, што е финансирано од Европската унија. Како дел од овој проект, училиштето ќе има корист од два лифта за скали и поголем лифт во објектот за ниските одделение. Исто така, треба да се поздрави придонесот на американскиот Дебарчанин (VSH) кој донирал на ова училиште сума во износ од 55000 американски долари, посветен на реконструкција на класи, музичкиот кабинет и санитарни јазли. Сите овие инвестиции не би биле можни без ангажирање на администрацијата на ова училиште под водство на г-дин Ajet Mullarexha , кој со својата транспарентна работа успеа да создаде кредибилитет
Летната сезона е полна со живот во полигоните на општина Дебар и детското игралиште.
Ова е втор ден откако НКП Стандард заедно со општина Дебар ги преземаат сите неопходни мерки за гаснење и ставање под контрола на пожарот кој беше предизвикан во градската дива депонија. Протвпожарната единица, капацитетите на НКП Стандард на чело со директорот, фирмата која во итни случаи работи на депонии со булдожерот за покривање со земја на ватрените жаришта и други активности, беа во целосна готовност 24 часа. Општина Дебар приоритетно работи на натамошна модернизација на депонијата, но проблемот со дивите депонии во РМВ е проблем што може да се реши на републичко ниво со изградба на регионални депонии. Ова ќе биде дефинитивното решение, дотогаш ќе имаме многу потешкотии како општина за контрола на депониите, особено во текот на летото кога температурите се високи. За секоја евентуалност ќе се обидеме со сите сили да се соочиме со тешкотиите што ги вади депонијата и очекуваме граѓаните заедно со приватните и државните фирми да ни помогнат според можностите што ги имаат. Со нашите мерки ќе се обидеме да има што помалку пожари на депониите, имајќи разбирање за грижата на граѓаните.