Author: diberkomuna

Соопштение – 10-та седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     

На ден  20.06.2022год. се донесе                     

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 10 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР    

Cедницата се свикува за 24.06.2022 (ПЕТОК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За седница  се предлага овој :


Д н е в е н     р е д


1. Усвојување на 9 записник
2. Предлог одлука за завршната сметка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2021 год.
3. Барање за согласностза измена и дополнување на годишен план за вработување за 2022 година во Општина Дебар.
4. Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Пенестиа„-Дебар за 2023 година.
5. Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во СОУ „28 Ноември„ Дебар за 2023 година.
6.Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Саид Најдени „-Дебар за 2023 година.
7.Информациа за предлог за времена измена на паркинг и движење на ПМВ.

Денеска започна реализацијата на ЛОТ 3: – Контејнери за отпад (130 метални контејнери со волумен од 1,1 м3), со вредност од 3.737.500,00

Во рамките на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (IBRD-8156MK) финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, општина Дебар го спроведува проектот Зајакнување на техничките капацитети во општинското јавно претпријатие НКП „СТАНДАРД“ – Дебар. „Снабдување со специјализирани возила за транспорт на комунален отпад, специјализирано возило Канал-џет за одржување на канализациона мрежа и контејнери“, (MSIP2-NCB -039-2022), Општина Дебар. Денеска започна реализацијата на ЛОТ 3: – Контејнери за отпад (130 метални контејнери со волумен од 1,1 м3), со вредност од 3.737.500,00

Cостанок со Комитетот за односи меѓу заедниците

Денеска се одржа состанок со Комитетот за односи меѓу заедниците, пратеничката Арбана Пашоли претседател, пратениците Бедри Фазлиу, Зеќир Рамчиловиќ, Љатифа Шиковска и Берат Ајдари, како и претседателката на Комисијата Јасминка Перчинкова. Ние како општина секако можеме да се гордееме со примерни меѓуверски и меѓуетнички односи. Сеуште работиме на одредени програми и проекти кои во суштина имаат постигнување на еднаквост меѓу заедниците во сите аспекти. Бевме во посета на една ромска населба во градот каде одблиску ги видовме најнормалните услови во кои живеат Ромите. Генералниот заклучок беше дека Дебар служи како добар модел на соживот меѓу заедниците и верските заедници.

Патот за туристичкото село Баниште денеска е подготвен за употреба

Патот за туристичкото село Баниште денеска е подготвен за употреба. Општина Дебар го проектираше а првиот заменик потпретседател на Владата на РСМ г. Артан Груби се згрижи за реализација на оваа значајна инфраструктура со обезбедување на финансиски средства преку буџетот на ТАВ.

Во една простирија на стариот амам на градот денеска започнаа почетоците на музејот за градот Дебар

Во една простирија на стариот амам на градот денеска започнаа почетоците на музејот за градот Дебар. Оттука започнува остварувањето на сонот да имаме историски и културен музеј на Дебар. Општината ќе вложи максимални напори преку проекти од областа на културата да изгради модерен и заслужен музеј за овој историски град. Ги повикуваме сите граѓани и бизнисмени иницијативата да биде од нас самите и таа потоа да прерасне и да се развие во вистинска културна институција. Оние кои имаат разни артефакти за кои сметаат дека вреди да се изложат можат да дојдат во општината во единицата за општествени дејности. Добредојдени сте и за предлози и идеи.

Одржувањето и грижата за детското игралиште

Одржувањето и грижата за детското игралиште како и сите спортски терени во нашиот град, е должност на општинските служби но и обврска на граѓаните. Затоа апелираме заедничкиот имот да се одржува чист и неоштетен, со цел тие да имаат подолг животен век и да бидат на наша услуга.

Денеска продолжи работата со најтешката фаза од проектот за подобрување на водата за пиење во градот Дебар

Денеска продолжи работата со најтешката фаза од проектот за подобрување на водата за пиење во градот Дебар , замена на вентилите во главниот водовод, локацијата на мостот Моличани. Проектот е финансиран од општина Дебар , а го спроведува компанијата ЦМЦ груп од Скопје, а како подизведувач е НКП „Стандард“ Дебар. До завршување на овој проект останува уште малку работа и со ова се очекува подобрување на водоснабдувањето
околу 30%. Конечното решавање на проблемот ќе продолжи следната година со други проекти кои претставуваат фази од големиот проект за решавање на проблемот со водата за пиење.
Во другите фази се планира да се постават 2000 водомери во домаќинствата и стопанските субјекти за да се избегне плаќањето на водата со „паушално“ како и подобрување и реконструкција на примарната и секундарната водоводна мрежа во градот. Секако, ќе се преземат и други активности за откривање на злоупотреба на водата за пиење, диви приклучоци и редовно плаќање на сметките од страна на потрошувачите. Овие храбри и витални чекори за градот Дебар ќе бидат успешни доколку има блиска соработка со граѓаните на Дебар , подигање на колективната свест за поголема граѓанска одговорност кога станува збор за одржување на јавната чистота и максимална грижа во трошењето на водата за пиење.

https://fb.watch/dmhDbSh_Qr/?fs=e&s=cl

Културната манифестација на децата од предучилишната установа „Брешија“

Поканети од директорката Ајрије Дачи, особено задоволство беше да се претстава на културната манифестација на децата од предучилишната установа „Брешија“. Денеска слават и миниматурантите кои се подготвуваат да одат во прво одделение. Се ближи и 1 јуни, Меѓународниот ден на детето каде децата ширум светот слават. Имаме обврска како институција, како општество воопшто, да ги почитуваме сите меѓународни конвенции кои ги штитат правата на децата. Стоп за злоупотреба и малтретирање на деца. За подобри услови за живот и нормален психофизички развој на децата. Честитки!

C О О П Ш Т Е Н И Е ОД ЈАВНОТО КОМУНАЛНО ПРЕДПРИЈАТИЕ “СТАНДАРД” ДЕБАР

  • C О О П Ш Т Е Н И Е oд ЈАВНОТО КОМУНАЛНО ПРЕДПРИЈАТИЕ “СТАНДАРД” ДЕБАР Ќе одпочнува со промена на вентилите на nводовод росоки, најтешкиот момент на проектот, така да на ден 31.05.2022 ВТОРНИК. почнуваќи од 08:00 часот па до 22:00 водата ќе биде запирана целосно од водоводот Росоки -Дебар.Се молат граѓаните како и фирмите да обезбедуваат количина на текнолошка и друга количина за нивните потреби.Се замолуваме да бидеме позитивни разбрани.Со почит ЈКП “СТАНДАРД” ДЕБАР Директор Бурим Каба!

Pеконструиран кружниот ток

Во близина на општинската зграда е реконструиран кружниот ток од кој се нуди поубав и пофункционален поглед. Истата работа ќе се преземе и за следниот кружен тек на булеварот Илирија.