Општина Дебар објавува јавен повик учество во акција за дооформување на средно обраозвание за возрасни лица Роми од Општина Дебар. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„.
Општина Дебар објавува јавен оглас за ангажирање на консултант и тутори за поддршка на ученици Роми од 2ро, 3то и 4то одделение во основно образование во Општина Дебар. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„
Врз основа член 40 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ„бр.5/02 како и член 30 од Статутот на Општина Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 14/03) На ден 13.02.2023 год. се донесе :
РЕШЕНИЕЗА СВИКУВАЊЕ НА 22ра ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР
СЕ СВИКУВА 22ра вонредна седница на Советот на Општина Дебар. Седницата се свикува за 14.02.2023 (ВТОРНИК) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар. За вонредната седница се предлага овој :
Д н е в е н р е д
1.Предлог-Одлука за доделување на финанциска помиш.
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 25.01.2023 год. се донесе: Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА 21 та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР Cедницата се свикува за 30.01.2023 (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.
За седница се предлага овој : Д н е в е н р е д
1. Усвојување на 20 записник 2.Предлог решение за разрешување и именување на член на Комисијата за скучување на бракови во подрачје на општина Дебар. 3.Предлог решение за разрешување и именување на член на комисијата за финансии, буџет и локален економски развој како постојана комисија при Советот на Општината. 4.Предлог Програма за изработка на урбанистички планови и урбанистишка докуменациа на територијата на Општина Дебар за 2023 год, со заклучок за донесување. 5.Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Дебар за 2023 година, со заклучок за донесување. 6.Извешај од Командир на Полициска Станица од општа надлежност Дебар.
И оваа календарска година завршува со отчетност за едногодишната работа на администрацијата на општината пред локалните и националните медиуми. Имајќи ги предвид сите негативни фактори, енергетската криза и светската економска криза, кои ја отежнаа реализацијата на ветените проекти, ние како општина повторно можеме да се гордееме со реализацијата на многу витални проекти за нашата општина како на пр. Завршени инфраструктурни проекти (шеталиште, обиколници до болницата и до пензионерскиот дом, големиот проект за водата за пиење – замена на вентили за вода и поправка на шахтите во водоводот од Росоки, проект за вода за пиење во село Долно Косовраст, локалниот пат кај саат-џамијата, патот во село Бањишта, патот во село Отишани-горно маало, проекти за енергетска ефикасност во општинските училишта, долно Косовраст и Пенестија, поплочување на улички со бекатонка во градот Дебар и селата на површина од 3000 м2, обезбедување возила за НКП Стандард – 2 камиони за смет, Канал Џет и 130 нови контејнери, поддршка на културни и спортски активности во општината, отворање на градски музеј, разни манифестации и публикации на книги. Поради внатрешни проблеми во буџетот на Светска банка, доцни изградбата на проектите за патишта во Коњара и Венец1, кои според информациите ќе почнат на почетокот на 2023 година, (образложението на банката – зголемувањето на цената на градежните материјали поради глобалната криза). За 2023 година имаме уште многу готови проекти кои треба да се реализираат и за кои има финансиска покриеност, како и ќе се изработат 16 нови технички проекти кои се состојат во регулација на надземната и подземната инфраструктура. Активната транспарентност на општината за 2022 година е над 84%, и е на 41 место од 94 институции во РМВ (општина, министерство итн. итн.) Честитки и среќна нова 2023 година на сите граѓани на општина Дебар! Заедно за подобра и Европска општина.
Учениците од општинското училиште „Пенестија“ ми донесоа честитки за новата 2023 година со желба за успешна и бериќетна година. Имав и писмо со честитки од учениците од гимназијата „28 Ноември“. Честитки до сите наши ученици со желба во новата 2023 година да имате здравје и успех во учењето!