Градоначалникот Фисник Мела изврши увид во асфалтерските работи во Могорче

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, денес изврши увид во текот на асфалтерските работи што се реализираат во рамките на проектот за реконструкција на повеќенаменското спортско игралиште во ООУ „Ристе Ристески“ во село Могорче.

При увидот, градоначалникот се запозна со динамиката на изведбата и истакна дека Општина Дебар останува посветена на реализација на проекти кои ја унапредуваат спортската инфраструктура и создаваат современи услови за учениците, младите и жителите на селото.

Овој проект се реализира со средства од Буџетот на Општина Дебар и претставува уште една значајна инвестиција во подобрување на условите за спорт, рекреација и училишни активности.

Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување жителите на Могорче ќе добијат современ и функционален простор за спортски, рекреативни и училишни активности

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content