ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПЧЕЛАРИТЕ

Почитувани,

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на РСМ“ бр. 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), и врз основа на Одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебар како општа мерка против епидемија, Друштвото за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36, лок. 3, Скопје, го доставува следното известување:

Се известуваат сите граѓани кои се занимаваат со пчеларство на подрачјето на Општина Дебар дека на 31.08.2026 година (понеделник), екипите на Друштвото за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36, лок. 3, Скопје, ќе спроведат терестичка (одземна) дезинсекција, со цел уништување на комарците.

Прскањето ќе се врши во периодот од 18:00 до 06:00 часот, со апарат за ULV прскање.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депониите и околните подрачја, урбаното населено место Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.

Се бара од пчеларите и пчеларските здруженија да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски услови (ветер), дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот поволен ден.

За сите информации и прашања, контакт телефон во Друштвото ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ е:

075 775 769

Со почит,
Општина Дебар

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content