Генералното собрание на ЗЕЛС
Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, учествуваше на Генералното собрание на ЗЕЛС, каде со едногласна одлука беше реизбран Претседателот на ЗЕЛС за нов мандат.
За време на Собранието беше истакната важноста на продолжувањето на процесот на децентрализација, зајакнувањето на локалната самоуправа и институционалната соработка за развој на општините.
Беше нагласена улогата на ЗЕЛС како заедничка и инклузивна платформа за справување со предизвиците и унапредување на услугите за граѓаните.
Воедно, градоначалникот Мела беше избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС, со што ќе придонесува во процесите на креирање и унапредување на локалните политики.







0 Comments