Соопштение – 20-та седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     
На ден   20.12.2022год. се донесе:                       


Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 20 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР      

Cедницата се свикува за 22.12.2022 (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.                 

За  седница  се предлага овој :                          

Д н е в е н     р е д    

1. Усвојување на 19 записник
2.Предлог Буџет на Општината Дебар за 2023 година со заклучок за донесување.
3.Предлог одлука за извршување на Буџетот на Општината Дебар за 2021 година.
4.Предлог одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на  платите на државните службеници за 2023 година во Општина Дебар.
5.Буџетски календар во општина Дебар за 2023 год.
6.Извештај за реализација на годишната Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во подрачјето на Општина Дебар за 2022 год, со заклучок за усвојување.
7.Предлог годишна Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштина на општинските патишта и улици во подрачјето на Општина Дебар за 2023 год. со заклучок за донесување.
8.Предлог Програма за активностите на Општина Дебар од областа на културата и нивното финансирање за 2023 година
9.Предлог Програма за активностите на Општина Дебар во областа на спортот во 2023 годинa 10.Предлог Програма за еднакви можности на  Општина Дебар во 2023 годинa.
11.Извештај на  Програма за работа на Советот на Општината Дебар за 2022  година.
12.Предлог Програма за работа на Советот на Општината Дебар за 2023  година со заклучок за донесување.
13.Предлог локален акциски план на Општина Дебар и Ромската заедница Јануари 2023-Јуни 2026