Соопштение – 7-ма седница
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 28.03.2022год. се донесе: |
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 7та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР |
Cедницата се свикува за 31.03.2022 (ЧЕТВРТОК ) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар. За седница се предлага овој : |
Д н е в е н р е д 1.Усвојување на 6 записник. 2.Предлог решение за избор на член на Комисијата за мандатипрашања,избори и именувања како постојана комисија при Советот на Општината. 3.Предлог решение за избор на член на комисијата за финансии, буџет и локален економски развој како постојана комисија при Советот на Општината. 4.Предлог решение за избор на член на комисијата за општествени дејности како постојана комисија при Советот на Општината. 5.Предлог решение за избор на член на комисијата за изготвување на Програмата за работа на Советот на Општината како постојана комисија при Советот на Општината. 6.Предлог одлука за усвојување на платата на вработените во општинската администрација на Општина Дебар со минимална плата во РСМ. 7.Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој и Финансискиот извештај за 2021 година. 8.Предлог решение за разрешување и именување на член во управниот одбор на Ју меѓуопштински центар за социална работа Дебар. 9.Предлог одлука за утврдување потреба да се донесе урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти на К.П. бр. 9314, К.О. ДЕБАР. 10. Завршна сметка на ЈКП„Стандард„-Дебар за 2021 година. 11.Предлог одлука за извршување на јавни набавки на Општина Дебар од страна на ЈКП Стандард-Дебар. |