ОДЛУКА За спроведување на стратегиска оцена

            Брз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина (,,Службен весник на РM,, бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 42/16 и 99/18), Градоначалникот на Општина Дебар донесе:

ОДЛУКА

За спроведување на стратегиска оцена

            1.За планскиот документ “Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички план на град Дебар (2004- 2014) за урбаните блокови: 1, 8, 9, 10, 12, 13, 14, 18, 22, 23, 24, 26, 27 и 28 донесен со одлука бр. 07-27/4 од 18.02.2005 год., општина Дебар” кој се носи согласно член 10 став (8) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Законот за урбано зеленило (Сл. Весник на РМ бр. 11/18), Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 142/15, 217/15, 222/15, 228/15, 35/16, 99/16, 134/16, 33/17 и 86/18) и Правилникот за поблиската содржина, форма и начин на обработка на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план вон населено место и регулациски план на генерален урбанистички план, формата, содржината и начинот на обработка на урбанистичкоплански документации и архитектонско-урбанистичкиот проект и содржината, формата и начинот на обработка на проектот за инфраструктура (Сл. весник на РМ бр. 142/15), потребно e да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.

            2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот “Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички план на Град Дебар (2004-2014) за урбаните блокови: 1, 8, 9, 10, 12, 13, 14, 18, 22, 23, 24, 26, 27 и 28 донесен со Одлука бр. 07-27/4 од 18.02.2005 година, општина Дебар” се определуваат следните: општина Дебар, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија, ЕВН, Мепсо, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

            3. За планскиот документ “Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички план на Град Дебар (2004-2014) за урбаните блокови: 1, 8, 9, 10, 12, 13, 14, 18, 22, 23, 24, 26, 27 и 28 донесен со Одлука бр. 07-27/4 од 18.02.2005 година, општина Дебар”, за чија изработка е одговорно ТАЈФА ПЛАН ДОО Скопје, а го донесува општина Дебар, донесувањето на планскиот документ “Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички план на Град Дебар (2004-2014) за урбаните блокови: 1, 8, 9, 10, 12, 13, 14, 18, 22, 23, 24, 26, 27 и 28 донесен со Одлука бр. 07-27/4 од 18.02.2005 година, општина Дебар” ќе има влијание врз животната средина.

            4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание по однос на генерирање на комуналeн и градежен отпад, влијание врз биодиверзитеот, влијание врз амбиентниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.

            5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Дебар на следната веб адреса: www.dibra.gov.mk.

            6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната.