Month: <span>December 2024</span>

Јавен Оглас за вработување на 4(четри) работници во неопределено време

Решение За одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за: Водови за пренос на електрична енерrија за изградба на 10/20 Kv подземен вод од планирана Трафостаница 10(20)/0,4 Kv до столб на постоечки 10/20 Kv далновод, КО Баниште Општина Дебар

Решение За одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за Водови за пренос на електрична енерrија за изградба на 1020 Kv подземен вод од планирана DOWNLOAD

Урбанистички проект за инфраструктура DOWNLOAD

Општина Дебар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Општина Дебар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

  • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
  • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
  • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
  • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
  • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
  • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

Соопштение

Почитувани граѓани, претставници на невладини здруженија, спортски клубови, бизнисмени, заинтересирани како и секој обичен граѓанин, ве покануваме да учествувате на Јавната расправа за Предлог-буџетот на општина Дебар за 2025 година, која ќе се одржи на 10.12.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот во Салата на Советот на општина Дебар.

Транспарентноста и учеството на граѓаните во секоја фаза на одлучување се столбовите на она што им го ветивме на граѓаните и се трудиме да го спроведеме, па затоа сте поканети да ги дадете вашите идеи.

Со почит,
Градоначалник на општината
Хекуран Дука

Соопштение

Со цел да се подобрат јавните услуги и транспарентноста, Општина Дебар воспостави формулар што им овозможува на сите заинтересирани правни и физички лица да достават барања или идеи за пополнување на буџетот на Општина Дебар за 2025 година. Заинтересираните лица можат да го пополнат образецот што  се наоѓа на линкот подолу. https://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/