О Д Л У К А За неспроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар”

Брз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина (,,Службен весник на РM,, бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 42/16 и 99/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Дебар донесе    
О Д Л У К А За неспроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар
 
  1. За планскиот документ “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20) и Правилникот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 225/20, 219/21), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. За предметниот опфат, била спроведена стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето при донесувањето на “Генерален урбанистички план на град Дебар 2004- 2014, Општина Дебар, донесен со Одлука на Советот на Општина Дебар со бр. 07-27/4 од 18.02.2005 година” врз основа на кој е изработен предметниот детален урбанистички план.   2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Дебар (www.dibra.gov.mk).   3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потреба од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини:                 – за предметната градежна парцела ќе се предвиди основна намена A1- домување во куќи, Д2- заштитно и сообраќајно зеленило и Е1- сообраќајни, линиски и други инфраструктури. Во планскиот документ ќе се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.                 -не се предвидуваат објекти со дејности кои значително би ја загадувале животната средина или за кои се врши оцена на влијанието врз животната средина (член 65 точка 2 и 3 од законот за животна средина).   4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.  

Формулар за определување на потребата од неспроведување на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, бр. 10-676/1 од 19.05.2022 година

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за влијанието во животната средина, бр. 10-676/2 од 19.05.2022 година

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *