Month: <span>April 2022</span>
Нови партнери за подобро општинско буџетирање
Во организација на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), бевме поканети да презентираме на состанокот „Нови партнери за подобро општинско буџетирање“. Општина Дебар веќе е партнер на првата група и дел од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, кој проект е финансиран од оваа агенција. Денеска ни се придружи втората група од 24 општини. Дебар досега е корисник на 4 проекти на УСАИД, проекти со кои значително ќе се подобри ефикасноста на општинската администрација во исполнувањето на обврските кон граѓаните. Амбасадорката на САД Кејт М.Бирнс во својот говор, меѓу другото, ја спомена само општина Дебар „…како добар пример за општина Дебар каде на влезот на општината, јавно и видливо за граѓаните се прикажани дневните трошоци на општината“.
Честит месец Рамазан на сите муслимани
Почитувани граѓани на општина Дебар.
Утре е првиот ден од благословениот месец Рамазан.
По повод почетокот на големиот месец Рамазан, сакам да ги изразам моите најсрдечни желби, посакувајќи ви лесен пост, хармонија, душевен мир и благосостојба во вашите семејства.
Посакувам овој месец, како и разбирањето, зближувањето и солидарноста меѓу луѓето да преовладува меѓу секој од вас.
Затоа, со почит и задоволство, од името на општина Дебар и од мое лично име, на сите верници ви го честитатам овој месец на пост.
Хекуран Дука
Градоначалник на општина Дебар.