Почитувани,Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведуваwе на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа против епидемиска мерка Друштво за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 20.06.2023 год.(вторинк), екипите на Друштво за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запра{увањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбре`јето на Дебарското езеро, депонии и погранишен појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, до`д) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за производство,градежништво,инженеринг,трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци е: 070 520 023..Со почит.
Siguria në punë është faktor i rëndësishëm për funksionimin e administratës në çdo insitucion. Komuna Dibër për herë të parë, u angazhua që të përpilojë projekt të veçantë i cili parashikon të gjitha elementet e sigurisë në punë për administratorët. Plani i evakuimit, trajnimi për tu përballë me fatkeqësitë që mund të ndodhin në objektin e komunës (zjarri etj etj), tani janë të parashikuara dhe implementuara me anë të një udhëzimi specijal të pregaditur nga firma e cila me tenderim fitoi për të pregaditur të gjitha segmentet e procesit të sigurisë në punë. Elektrodepo me menaxher Armend Kasa, u kujdes me shumë profesionalizëm që ti kryejë të gjitha etapat e trajnimit të personelit administrativ në raste të jashtëzakonshme.
Почитувани, Се повикуваат сите граѓани, особено жителите на населбата Венец 1 (улици: „Пролетерска“, „Борис Кидрич“, „4 Јули“; „Ленинова“ и „Никола Тесла“) да учествуваат на јавната презентација за почетокот на реализација на проектот за реконструкција на улична мрежа во населба Венец 1, презентација ќе се одржи во просториите на општина Дебар на 19.05.2023 година во 12:00 часот во големата сала на Советот на општината. Граѓаните ќе можат подетално да се информираат за проектот за реконструкција на улична мрежа, каде ќе имаат простор за прашања или коментари. Проектот предвидува целосна реконструкција на улиците „Пролетерска“; „Борис Кидриќ“; „4 јули“; „Ленинова“ и „Никола Тесла“ каде штотуку започнаа подготвителните работи за почеток на проектот.
Градоначалникот на општината на средбата што ја имаше со директорите на деветгодишните општински училишта, разговараше за решавање на можните проблеми при процесот на регистрирање на учениците во овие две училишта. Посебен акцент беше ставен на спроведувањето на одлуката на Советот на општината за реонизација на училиштето „Пенестија“ и училиштето „Саид Најдени“. Тоа значи дека секој родител мора да го регистрира своето дете во училиштето предвидено според регионот дефиниран со регулативата, и регистрација на деца надвор од оваа регулатива нема да биде дозволено. Доколку не се почитува оваа регулатива, тогаш од просветниот инспекторат ќе следуваат санкции предвидени со закон.
Денеска во соработка со првата детска амбасада „Меѓаши“ ја одржавме информативната средба во рамки на проектот„Место за растење: Општини посветени на децата“.На средбата присуствуваа претставници од општината, училиштата, градинките, Центарот за социјални прашања и Министерството за образование и култура, Дибр, и раководителот на детската амбасада МЕЃАШИ, г. Драги Змијанац да одговори на потребите и интересите на децата во заедницата.Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Првата амбасада за деца Меѓаши во партнерство со КМОП Скопје и во соработка со општините Гостивар, Велес, Дибер, Виница, Кисела Вода.
Врз основа на член 50 став 1 точка од 3аконот 3а локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М. бр. 5/02 ) и со Одлуката од Совет на Општина Дебар за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Дебар , ПРОГРАМА За активностите на Општина Дебар во областа на спортот во 2023 годинa Бр.Nr.08-1503/13 од 22.12.2022 година, ПРОГРАМА за активностите на Општина Дебар од областа на културата и нивното финансирање за 2023 година Бр.08-1503/12 од 22.12.2022 година, Градоначалникот на Општина Дебар, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК За доделување финансиски средства насnортски клубови и граѓанскиорганизации од областа на културата,
Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските клубави и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се потикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и rраѓанските организации. Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани регистрирани на територија на Општина Дебар според 3аконот на здруженија на граѓани и фондации. 3друженијата кои имаат добиено финансиски средства мината година треба да достават финансиски извештај за финасиските средства и активностите извршени во текот на минатата година,заедно со потребните образеци зa аплицирање.
Неопходна документација која треба да ја поднесат ЗДРУЖЕНИЈАТА / КЛУБОВИТЕ
Здруженијата и клубовите кои учествуваат на огласот треба да достават:
1. Пријавување (преземено на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар);
2. Прилог 1 – Временска рамка (достапна на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар).
3. Анекс-2 Буџет (достапен на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар).
4. Копија од моменталната состојба од уписот во регистарот на други правни лица за регистрација на здружението/клубот не постар од шест месеци;
5. Копија од статутот;
Забелешка: Доколку вашиот предлог-проект биде избран и добие финансиска поддршка од Буџетот на општина Дебар, имате обврска да го користите логото на општина Дебар. Проектите што ќе добијат финансиска поддршка од општина Дебар треба особено да се внимава да не се нарушува имиџот на институцијата, да не се користи говор на омраза, навреди кои можат да поттикнат насилство, меѓуетничка толеранција или дејствија што се спротивни на Уставот и законските норми на РСМ. За сите горенаведени точки одговорни ќе бидат здруженијата/клубовите или поединците кои ќе добијат финансиска поддршка за нивните предлог-проекти од страна на општина Дебар. Некомплетната документација или пријавите кои ќе се достават по истекот на рокот предвиден во јавниот оглас, нема да се разгледуваат. Апликациите доставени во архивата на општина Дебар нема да му бидат вратени на апликантот.
Рок и начин на поднесување апликации
Краен рок за поднесување на апликациите е 30,05,2023 година Документацијата да се стави во затворен плик со назнака: „Јавен Повик (за финансиска поддршка на здруженија и спортски клубови)“ на адреса: Општина Дебар,8-ми Септември бр 72 1250, Дебар, или во архивата на општина Дебар од 08:00 до 16:00 часот
Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на општина Дебар. www.dibra.gov.mk Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Комисијата за реализација на Јавниот повик на емаил адреса dibra@dibra.gov.mk или тел: 046-831-196
Општина Дебар објавува јавен оглас за користење на договорни услуги од образовни институции за дооформување на средно образование за возрасни лица од Општина Дебар. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„
Мухамед Каба е роден на 3.2.1941 година, во Дебар. Основно училиште завршил во родниот град.
Средно училиште-економско-технолошки завршил во Скопје, каде што ги продолжил и вишите студии на Економскиот факултет при УКМ. Дипломирал со просечна оценка 9,26, второпласиран во генерацијата и добил специјална диплома. Бил и прв магистер по економски науки во градот Дебар.
По дипломирањето се враќа во родниот град, во фабриката за производство на килими, каде што реализира повеќе инвестициски програми за проширување на производните капацитети со германска, француска, италијанска, полска и англиска технологија. За тоа време, фабриката го зголеми бројот на вработени до 1.000 луѓе. Како економски експерт подготвил и реализирал повеќе инвестициски програми во повеќе претпријатија во Дебар, како што се: во индустријата, земјоделството, градежништвото и транспортот. Во април 1974 година на редовните избори на 33-годишна возраст е избран за градоначалник на општина Дебар. Неговиот прв мандат заврши во април 1978 година. Како резултат на максималниот успех, тој беше реизбран за градоначалник на општина Дебар, исто така за втор мандат 1978-1982 година. И вториот мандат го заврши со конкретни резултати и дела, како во економијата, образованието, културата, спортот, здравството, урбанизмот итн.
Во периодот 2001-2005 година работеше како предавач на Економскиот факултет на Универзитетот во Тетово по предметите Математика, Сметководство и Статистика.
Општина Дебар објавува јавен повик учество во акција за дооформување на средно обраозвание за возрасни лица Роми од Општина Дебар. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„.