Вечерва, на 11.03.2020 година во 20:00 часот, во канцелариите на општината Дебар се одржа следниот состанок на Советот за вонредни состојби за управување со кризaта создадена од ширењето на вирусот Корона. Оваа средба ја свикаше градоначалникот на општината г. Хекуран Дука каде беа присутни претставници на локални и централни институции:
Претставник од Центарот за јавно здравје-Дебар, д-р Ментор Мела
Претставник од секторот за внатрешни работи г-дин Арбен Думани
Претставник на јавното комунално претпријатие „Стандард“ г. Омер Ками
Претставник од Дирекцијата за заштита и спасување Адмир Горенца
Претставник од Центарот за управување со кризи Феми Ајроски
Командантот на противпожарната единица г.Џетан Мифтароски
Муфтија на Дебар г. Решат Качалнику
Претставник на Православната црква Миле Ангеловски
На средбата се разговараше за тековната состојба со ширењето на коронавирусот, при што претставници на институциите известуваа врз основа на законски надлежности.
Градоначалникот на Дебар, г. Хекуран Дука, врз основа на информации од релевантни институции, образложи за моменталната состојба во градот Дебар, каде ја истакна важноста за превземените мерки како што се:
– Затворање на училишта и предучилишни установи – Ослободување од работни обврски на специфични категории на вработени, како што е препорачано од владата
– Зголемено миење на улиците во градот
– Комплементарен третман во управувањето со отпадот
– Продолжување со дезинфекција на предучилишни и училишни установи, други важни установи, главни патишта и други активности.
Врз основа на информациите од претставници на други институции, станува збор за нова ситуација за која е потребен посериозен пристап и зголемени превентивни мерки.
На крајот од оваа средба излегоа следниве заклучоци:
1. Ситуацијата создадена со ширењето на Коронавирус е сериозна и на релевантните институции во Дебар им е потребен дополнителен капацитет успешно да се справат со оваа нова ситуација.
2. Итно побарамр од Владата на РСМ да го третира Дебар како специфичен регион и да преземе посебни епидемиолошки мерки, покрај општите.
3. Со разбирање на верските заедници, беше решено да се стопираат активности во просториите на соодветните објекти.
4. Пренесување на информации и заклучоци до владините тела за донесување релевантни одлуки.
5. Општина Дебар изрази подготвеност да ги поддржи преземените активности со буџетски средства, технички средства и човечки ресурси.
Ги повикуваме сите граѓани да одржат мир, да обезбедат морална поддршка и секаков вид поддршка при вршење на активности на нивните соодветни органи, да избегнуваат непотребни излегувања и собири и да се ограничат на движење за да се спречи ширењето на вирусот. Строго да се почитуваат превентивни мерки предложени од СЗО и Владата на РСМ.
Советот за вонредни состојби, постојано ја следи состојбата и ќе преземе конкретни мерки и активности за евентуална промена на ситуацијата во градот.