Lajme nga Komuna

Cостанок со Комитетот за односи меѓу заедниците

Денеска се одржа состанок со Комитетот за односи меѓу заедниците, пратеничката Арбана Пашоли претседател, пратениците Бедри Фазлиу, Зеќир Рамчиловиќ, Љатифа Шиковска и Берат Ајдари, како и претседателката на Комисијата Јасминка Перчинкова. Ние како општина секако можеме да се гордееме со примерни меѓуверски и меѓуетнички односи. Сеуште работиме на одредени програми и проекти кои во суштина имаат постигнување на еднаквост меѓу заедниците во сите аспекти. Бевме во посета на една ромска населба во градот каде одблиску ги видовме најнормалните услови во кои живеат Ромите. Генералниот заклучок беше дека Дебар служи како добар модел на соживот меѓу заедниците и верските заедници.

Патот за туристичкото село Баниште денеска е подготвен за употреба

Патот за туристичкото село Баниште денеска е подготвен за употреба. Општина Дебар го проектираше а првиот заменик потпретседател на Владата на РСМ г. Артан Груби се згрижи за реализација на оваа значајна инфраструктура со обезбедување на финансиски средства преку буџетот на ТАВ.

Во една простирија на стариот амам на градот денеска започнаа почетоците на музејот за градот Дебар

Во една простирија на стариот амам на градот денеска започнаа почетоците на музејот за градот Дебар. Оттука започнува остварувањето на сонот да имаме историски и културен музеј на Дебар. Општината ќе вложи максимални напори преку проекти од областа на културата да изгради модерен и заслужен музеј за овој историски град. Ги повикуваме сите граѓани и бизнисмени иницијативата да биде од нас самите и таа потоа да прерасне и да се развие во вистинска културна институција. Оние кои имаат разни артефакти за кои сметаат дека вреди да се изложат можат да дојдат во општината во единицата за општествени дејности. Добредојдени сте и за предлози и идеи.

Одржувањето и грижата за детското игралиште

Одржувањето и грижата за детското игралиште како и сите спортски терени во нашиот град, е должност на општинските служби но и обврска на граѓаните. Затоа апелираме заедничкиот имот да се одржува чист и неоштетен, со цел тие да имаат подолг животен век и да бидат на наша услуга.

Денеска продолжи работата со најтешката фаза од проектот за подобрување на водата за пиење во градот Дебар

Денеска продолжи работата со најтешката фаза од проектот за подобрување на водата за пиење во градот Дебар , замена на вентилите во главниот водовод, локацијата на мостот Моличани. Проектот е финансиран од општина Дебар , а го спроведува компанијата ЦМЦ груп од Скопје, а како подизведувач е НКП „Стандард“ Дебар. До завршување на овој проект останува уште малку работа и со ова се очекува подобрување на водоснабдувањето
околу 30%. Конечното решавање на проблемот ќе продолжи следната година со други проекти кои претставуваат фази од големиот проект за решавање на проблемот со водата за пиење.
Во другите фази се планира да се постават 2000 водомери во домаќинствата и стопанските субјекти за да се избегне плаќањето на водата со „паушално“ како и подобрување и реконструкција на примарната и секундарната водоводна мрежа во градот. Секако, ќе се преземат и други активности за откривање на злоупотреба на водата за пиење, диви приклучоци и редовно плаќање на сметките од страна на потрошувачите. Овие храбри и витални чекори за градот Дебар ќе бидат успешни доколку има блиска соработка со граѓаните на Дебар , подигање на колективната свест за поголема граѓанска одговорност кога станува збор за одржување на јавната чистота и максимална грижа во трошењето на водата за пиење.

https://fb.watch/dmhDbSh_Qr/?fs=e&s=cl

Културната манифестација на децата од предучилишната установа „Брешија“

Поканети од директорката Ајрије Дачи, особено задоволство беше да се претстава на културната манифестација на децата од предучилишната установа „Брешија“. Денеска слават и миниматурантите кои се подготвуваат да одат во прво одделение. Се ближи и 1 јуни, Меѓународниот ден на детето каде децата ширум светот слават. Имаме обврска како институција, како општество воопшто, да ги почитуваме сите меѓународни конвенции кои ги штитат правата на децата. Стоп за злоупотреба и малтретирање на деца. За подобри услови за живот и нормален психофизички развој на децата. Честитки!

C О О П Ш Т Е Н И Е ОД ЈАВНОТО КОМУНАЛНО ПРЕДПРИЈАТИЕ “СТАНДАРД” ДЕБАР

  • C О О П Ш Т Е Н И Е oд ЈАВНОТО КОМУНАЛНО ПРЕДПРИЈАТИЕ “СТАНДАРД” ДЕБАР Ќе одпочнува со промена на вентилите на nводовод росоки, најтешкиот момент на проектот, така да на ден 31.05.2022 ВТОРНИК. почнуваќи од 08:00 часот па до 22:00 водата ќе биде запирана целосно од водоводот Росоки -Дебар.Се молат граѓаните како и фирмите да обезбедуваат количина на текнолошка и друга количина за нивните потреби.Се замолуваме да бидеме позитивни разбрани.Со почит ЈКП “СТАНДАРД” ДЕБАР Директор Бурим Каба!

Pеконструиран кружниот ток

Во близина на општинската зграда е реконструиран кружниот ток од кој се нуди поубав и пофункционален поглед. Истата работа ќе се преземе и за следниот кружен тек на булеварот Илирија.

Денеска директорот на општата болница Дебар, г. Баки Алили, сподели благодарници за општина Дебар

Денеска директорот на општата болница Дебар, г. Баки Алили, сподели благодарници за општина Дебар и за здравствените работници кои директно се вклучија во борбата против пандемијата со Ковид19. Општина Дебар во тоа време го формираше оперативен штаб каде јас бев шеф на штабот и во соработка со болницата и сите други институции менаџиравмр многу успешно. Исто така, проектот за изградба на модуларната болница помина низ општина Дебар во соработка со Министерството за здравство каде општината изгради темел, платформа и подземна инфраструктура. Честитки за примерната работа на сите колеги!

Матура 2022 година

По одредени потешкотии со пандемската криза, годинава на матурантите од нашата општина им беше овозможено да го реализираат традиционалното дефиле во градот и да ја прослават матурската вечер. Почитувани матуранти! Од се срце ви ја честитам матурата посакувајќи ви пред се да бидете здрави и да имате среќа и успех во вашиот живот кој ве очекува напред со многу други предизвици со кои несомнено успешно ќе се соочите бидејќи имате енергија, образование, интелигенција и вие сте гордоста на овој град. Штотуку успешно завршивте една фаза од вашиот живот, сега ве чекаат други обврски, да станете професионални со учење и образување на уште повисоки институции за да можете да создадете свои семејства а истовремено да бидете корисни за општеството. И на сите родители на матурантите им посакувам среќа за нивните деца.

Skip to content