Author: diberkomuna

ИНТЕГРИТЕТ И АНТИКОРУПЦИЈА

.

Закон за заштита на укажувачите (Службен весник на РМ 196/2015,35/18)

Заштитеното внатрешно пријавување  се врши до раководното лице   односно функционерот кој раководи со институцијата.

До градоначалникот на општината:

Контакт телефон: 046831196

Поштенска адреса за контакт за прием на пријави:

     Општина Дебар  

      Ул.8 Септември 

      Дебар 1250

 Електронска пошта за прием за пријави: dibra@dibra.gov.mk  

*Закон за заштита на укажувачи (,,Сл.весник на РМ,, бр.196/15)
* Правилникот за заштитено пријавување во институциите во јавниот сектор(,,Сл.весник на РМ,, бр.46/16)

Oпштина Дебар  има електронско пријавување на мито и корупција. dibra@dibra.gov.mk  

Анонимноста и дискрецијата на корисниците е важен услов за граѓаните да се охрабрат и да бидат наши сојузници во борбата против корупцијата.

Целта на проектот „Пријави корупција“ е спречување и превенција на ризиците од корупција, како систем за ефикасна превенција во борбата против корупцијата.

Jавна расправа

Денеска во салата на Советот на општина Дебар се одржа јавна расправа со сите заинтересирани за општинскиот буџет за 2022 година. Во текот на расправата беа предложени повеќе проекти кои се однесуваат во областа на инфраструктурата, спортот, културата и младинските активности во нашата општина.

Соопштение – 3та седница


Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     

На ден    15.12.2021год. се донесе:
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 3та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР
Cедницата се свикува за 20.12.2021(ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :

Д н е в е н     р е д

  • Усвојување на 2 записник.
  • Предлог нацрт Буџет на Општина Дебар за   2022 година, со заклучок за утврдување.
  • Предлог одлука за донесување предлог план Детален урбанистички план Блок – 5 (КО Дебар 1 и КО Дебар 3) Општина Дебар, со плански период 2020-2025.
  • Предлог одлука за донесување предлог план Детален урбанистички план за Блок – 13 (КО Дебар 1 и КО Дебар 3) Општина Дебар, со плански период 2019-2024.
  • Предлог Програма за изработка на урбанистички планови и урбанистичка документација на теритријата на Општина Дебар за 2022 год. со заклучок за донесување.
  • Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ “Саид Најдени“ – Дебар за 2022 година.
  • Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈОУДГ “Брешиа„ Дебар за 2022 година.
  • Предлог одлука за доделување финанциски стредства за помош.
  • Предлог одлука за изменување и дополнување услогласнување со законот за рамномерен регионален развој, за развој на југозападниот плански регион.

Почитувани граѓани!

Почитувани граѓани!

Сакаме да ве информираме дека општина Дебар прави максимални напори со сите капацитети што ги има на располагање за да го одржува јавното осветлување на најквалитетно и најефикасно. Ќе продолжат интервенциите во градот но и во селата според план за работа.
Но, она што не загрижува се веродостојните информации за појавата на кражба на електрична енергија од мрежата за јавно осветлување од страна на несовесни лица и субјекти, со што се нанесува голема финансиска штета и оштетување на преносните кабли.
Деновиве работната група на општина Дебар ќе излезе на терен и сериозно ќе идентификува и ќе поведе судска постапка против секој потенцијален насилник.

Известување

Почитувани граѓани, Ве покануваме да учествувате на Јавната расправа за Предлог-буџетот на Oпштина Дебар за 2022 година, што ќе се одржи на 17.12.2021 година (петок) со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

Добродојдени сте!

Транспарентна општина за сите!

Известување

Почитувани граѓани, Ве покануваме да учествувате на Јавната расправа за Предлог-буџетот на Oпштина Дебар за 2022 година, што ќе се одржи на 17.12.2021 година (петок) со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

Добродојдени сте!

Транспарентна општина за сите!

СООПШТЕНИЕ – 2-ра седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     

На ден    06.12.2021год. се донесе:
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 2ра  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР
Cедницата се свикува за 09.12.2021(ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :

Д н е в е н     р е д

  • Усвојување на 1 записник.
  • Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за статут у прописи како постојана комисија при Советот на Општината.
  • Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за  финансии, буџет и локален економски развој како постојана комисија при Советот на Општината.
  • Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за   урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина и природата како постојана комисија при Советот на Општината.
  • Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за општествени дејности како постојана комисија при Советот на Општината.
  • Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за   односи со заедниците како постојана комисија при Советот на Општината.
  • Предлог  одлука за формирање на комисија за еднакви можности на жените и мажите. 
  • Предлог решение за определување членови на Советот Општината за склучување на бракови во подрачјето на Општината Дебар.
  • Предлог решение за формирање на комисија за изготвување на Програмата за работа на Советот на Општината.
  • Предлог одлука за задолжување на средства добиени од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка) преку Вториот проект за подобрување на општинските услуги.
  • Предлог одлука за изменување и дополнување на одлуката за комунален ред на Општина Дебар

Соопштение

Се известуваат граѓаните на населбата Венец 1 дека поради одредени проблеми во мрежата на јавното осветлување, во дел од населбата моментално не работи осветлувањето каде екипите на терен работат на санирање на проблемот.
Откако ќе заврши санацијата, веднаш ќе се обнови целокупната мрежа за осветлување. Однапред ви благодариме за разбирањето.

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локалната самоуправа, ( “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.5/02),

На ден 30.11. 2021 год. се донесе

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 1та КОНСТИТУИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

За седница се прдлага овој:

Дневен ред

  1. Избор на Комисија за верификација.

2. Верификација на мандатот на новоизбраните членови на Советот на Општината Дебар.

3. Избор на комисија за предлагање кандидат за претседател на Советот на Општината Дебар.

4. Избор на Претседател на Советот на Општината Дебар.

5. Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања,избори и именувања.

Хекуран Дука градоначалник на Општина Дебар

Денеска од изборниот совет, во присуство на општински советници, општинска администрација, граѓани, мои роднини, моето семејство официјално го добив уверението за градоначалник во наредниот 4-годишен мандат. Ви благодарам од се срце за за довербата на сите граѓани на општина Дебар. Останува да соработувам со вас, да ги исполнам дадените ветувања. Среќно на овој тежок пат. Господ нека ни е на помош!

Skip to content