ОБЈАВА БРОЈ 10-224/1 -2025
ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА
ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА
Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( „Службен весник на РСМ“ број 10/2020 ) и член 56 од Статутот на Општина Дебар (“Службен Гласник на Општина Дебар” бр. 27/23,38/24,45/24), иницијативниот одбор распишува:
Јавен повик за Локално собрание за млади
Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Дебар распишува јавен повик за членство во Локалното собрание за млади.
Повикот е отворен за сите младиснки организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
Членовите на Локалното Собрание на млади имаат задача:
Иницијативниот одбор ја спроведува постапката за избор на членови на Локалната Собрание на млади на Општина Дебар, а работата на истото се координира и помага од страна на Службеникот за млади во Општина Дебар.
Додека пак, конкретните цели, задачи и начин на работа на членовите на Локалната Собрание на млади се опишани и објаснети ва Прирачникот за Локални Младински совети, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Задолжителни документи:
Рокот за пријавување е од 22.04.2025 до 02.05.2025 година.
Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е- маил: dibra@dibra.gov.mk и да ги поднеат во архивата на Општина Дебар, ул. „8-Ми Септември“ бр. 72, 1250 Дебар, со назнака: Апликација за членство во Собранието на Советот на млади.
Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање на Локално собрание за млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Дебар.
Општина Дебар, секогаш во тесна соработка со претставниците на селата, постојано е посветена да им помогне на жителите во исполнувањето на нивните барања и потреби. На средбите одржани на 1 април беше истакната неопходноста од чистење на водните бразди кои служат за наводнување на земјоделските полиња во селата. Во таа насока се обврзавме да ги обезбедиме потребните ресурси и денес работата започна. Ги повикуваме раководителите на месните заедници да се појават во општината, со цел оваа активност да се води што е можно подобро и во заеднички интерес на заедницата.
По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, одржав средба со членовите на Здружението „Хена/Месечина“ како и со неговиот претседател г-дин Илми Куртиши. Ја искористив оваа прилика да ги пренесам моите најтопли честитки за овој посебен ден, упатени до целата ромска заедница во нашата општина и пошироко.
Општина Дебар, во соработка со локални и меѓународни невладини организации (како Ромактед), како и со поддршка на централната власт, реализираше голем број значајни проекти од областа на образованието, предучилишното образование и инфраструктурата. Овие иницијативи дадоа значаен придонес за подобрување на благосостојбата на ромската заедница во нашиот град.
Среќни празници на сите Роми – со желба заедно да ја градиме иднината, на темелите на еднаквоста, почитувањето и соживотот!