Month: <span>March 2025</span>

ОДЛУКА За не спроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар”

О Д Л У К А
За не спроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар”

1. За планскиот документ “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар” кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20, 111/23 и 171/24), Законот за урбано зеленило (Службен весник за РМ бр. 11/18 и 42/20) и Правилникот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 225/20, 219/21, 104/22 и 99/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. За предметниот опфат била спроведена стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето при донесувањето на “Измена и дополнување на Генерален урбанистички план на Град Дебар за блоковите: 2, 3, 5, 6, 7, 11, 15, 16, 17, 19, 21 и 25, за плански период 2008- 2018, Општина Дебар”, врз основа на кој е изработен предметниот детален урбанистички план.За изработениот Извештај за стратегиска оцена на животната средина, е добиено позитивно мислење од Министерство за животна средина и просторно планирање со бр. 08-3819/4 од 24.09.2010 година (наш бр. 03-61/15 од 29.09.2010 година). Во даденото мислење, Министерството смета дека е постигната општата цел на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, односно дека е направена целосна анализа на потенцијални влијанија од донесувањето и имплементацијата на Генералниот урбанистички план кој е предмет на стратегиска оцена, а воедно се утврдени и мерките за заштита, намалување и неутрализација на негативните влијанија и план за мониторинг на животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Дебар (www.dibra.gov.mk).
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потреба од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ “Детален урбанистички план за Блок 121- Дебар, Општина Дебар” нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: -за предметниот план ќе се предвидат основни намени: А– Домување и престој (А1- Домување во куќи, А2– Домување во згради), Г- Рударство, енергетика, индустрија (Г2- лесна, преработувачка и помалку загадувачка индустрија), В5- Верски институции (В 5.2– Џамии), Д– Зеленило, рекреација и меморијални простори (Д2– Заштитно и сообраќајно зеленило, Д2.1– Линиско  сообраќајно  зеленило, разделно  зеленило, заштитно сообраќајно зеленило на крстосници и јазли), Е– Инфраструктура (Е1– Сообраќајни, линиски и други инфраструктури, Е1.1 – Сообраќајни патни инфраструктури: јавни патишта со пратечки градби и инсталации, меѓународни автопати, државни автопати, експресни, регионални и локални (општински) патишта, примарни и секундарни улични мрежи во населени места, со градбите што припаѓаат на патната инфраструктура, јавни паркиралишта, паркинзи, патеки, пристапни улици и интегрирани сообраќајни површини, велосипедски патеки, пешачки простори, улици и патеки и друго, Е1.8– Инфраструктури за пренос на електрична енергија: трансформаторски станици). Во планскиот документ ќе се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат. -не се предвидуваат објекти со дејности кои значително би ја загадувале животната средина или за кои се врши оцена на влијанието врз животната средина (член 65 точка 2 и 3 од Законот за животната средина).
4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Достава со јавна објава-Број на предметот: 10-81/5 од 07.03.2025 година

                  Врз основа на член 84 од ЗОУП (Сл. весник на РМ бр. 124/15), Општина Дебар врши јавна објава за документ ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ДОСТАВЕНО БАРАЊЕ бр. 10-81/5 од 07.03.2025 година, поради тоа што странката е преселен и живеалиштето е непознато за јавниот орган.                 Објавата Општина Дебар ја врши преку дневен печат кој е дистрибуиран на целата територија на РСМ, односно во дневнитe печати “Нова Mакедонија” и “Коха”.               
  По објавите во горенаведените дневни печати, Општина Дебар на свој трошок ќе изврши и еднократна објава во Службеното гласило на општина Дебар.              
   По горенаведените извршени објави, се смета дека странката е уредно известена за писменото.   Име на странката: Мина Камберовска. Последна адреса на живеалиштето: ул. “Дилавер Села” бр. /, Дебар. Број на предметот: 10-81/5 од 07.03.2025 година. Краток приказ на основата на предметот:  Општина Дебар, решавајќи по барањето на Фатмир Балоски од Дебар поднесено под број 10-81/1 од 04.02.2025 година, врз основа на член 99 став (10) од Законот за градење, донесе ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ДОСТАВЕНО БАРАЊЕ за започнување на постапка за отстранување на објект во опасност од рушење.   ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СТРАНКАТА: Врз основа на член 84 став (6) од ЗОУП (Сл. весник на РМ бр. 124/15), ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека за негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка. Градоначалник

Хекуран Дука

ЈАВЕН ПОВИК За доделување финансиски средства на здруженија, спортски клубови и проекти од физички лица

Врз основа на член 50 став 1 точка од 3аконот 3а локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М. бр. 5/02 ) и со Одлуката од Совет на Општина Дебар за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Дебар , ПРОГРАМА За активностите на Општина Дебар во областа на спортот во 2025 годинa Бр.Nr.08-1276/13 од 30.12.2024 година, ПРОГРАМА за активностите на Општина Дебар од областа на културата и нивното финансирање за 2025 година Бр.08-1276/11 од 30.12.2024 година, Програма за мерките и активностите на општина Дебар во областа на социјалната заштита во 2025 година  Бр.08-1276/15 од 30.12.2024 година Градоначалникот на Општина Дебар, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК   За доделување финансиски средства на здруженија, спортски клубови и проекти од физички лица

  Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со  спортските клубави и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се потикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и rраѓанските организации. Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани регистрирани на територија на Општина Дебар според 3аконот на здруженија на Граѓани, фондации и физични лица.   3друженијата кои имаат добиено финансиски средства мината година треба да достават финансиски извештај за финасиските средства и активностите извршени во текот на минатата година, заедно со потребните образеци за аплицирање.
   
Активности кои ќе бидат поддржани:

1. Поддршка на НВО /клубови и физички лица
ð Поддршка на НВОи и клубови за подобрување, унапредување и подигање на квалитетот на граѓанскиот живот во општина Дебар.
2. Животна средина
ð Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на загадувањето на воздухот и влијанието на климатските промени и заштита на националните природни ресурси на територијата на општина Дебар.
3. Култура
ð Поддршка на КУД-ови за промоција на културното наследство и етничката различност, за создавање услови за културен живот, поддршка на уметниците, афирмација на млади уметници, одбележување и манифестација на значајни културни датуми во општина Дебар и поддршка за поединечни изданија. 4. Спорт
ð Поддршка на спортистите за афирмација, развој и подобрување на квалитетот на рекреативните спортови на територијата на општина Дебар. 5. Социјална заштита
ð Поддршка на децата (од областа на социјалната заштита) и лица со посебни потреби во културно-рекреативни спортски активности и манифестации. 6. Еднакви можности ð Поддршка од областа на еднакви можности на мажите и жените.

          Основни организациски критериуми
Основните организациски критериуми кои мора да ги исполнуваат правните и физичките лица (здруженија, клубови) кои учествуваат на овој оглас се:
3.1 Да бидат регистрирани согласно одредбите од Законот за здруженија и клубови, најмалку една година пред објавувањето на огласот;
3.1.1 Физичките лица мора да се државјани на РСМ и жители на општина Дебар;
3.2 Работата и дејствувањето да ја имаат за цел широката јавност и интересите на заедницата; 3.a. Оценување на квалитетот на проектот за ЗДРУЖЕНИЈАТА/КЛУБОВИТЕ
Оценувањето на квалитетот на проектите од правни лица кои ги исполнуваат основните организациски критериуми ќе се врши врз основа на посебни програмски критериуми: Области за НВОи/Клубови 1. Орагнизациски капацитет 1.1. Дали здруженијата/клубовите имаат организациона структура и ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери или вработени со скратено работно време, канцелариски простор, техничка опрема и способност за управување со буџетот) 1.2. Дали здруженијата/клубовите имаат искуство во областа (примарна цел) за која се пријавуваат во огласот 2. Работа и соработка во мрежа 2.1 Дали здруженијата/клубовите се членови на мрежи и платформи на граѓански организации (национални и меѓународни) и во последните 3 години имаат реализирано проекти во соработка со други организации или органи на државната управа 3. Квалитет на проектот 3.1.Колку општата цел на проектот ќе придонесе за реализација на дадената примарна цел 3.2 Колку е кохерентен целокупниот проект и дали содржи јасна посветеност на неговото спроведување 3.3 Дали спроведувањето на активностите води кон реализација на резултатите предвидени во проектот 3.4 Дали планот за имплементација е јасен и остварлив 3.5 Дали има јасно дефинирани показатели за мерење на постигањата 4. Буџет и ефикасност на трошоци 4.1 Дали активностите се соодветно рефлектирани во буџетот 4.2 Дали односот помеѓу проектираните трошоци и очекуваните резултати е адекватен
3.b. Оценување на квалитетот на проектите за ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Оценувањето на квалитетот на проектите на физички лица кои ги исполнуваат основните организациски критериуми ќе се врши врз основа на посебни програмски критериуми:   Области за физички лица 1. Организациски капацитет 1.1. Дали проектот има ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери или вработени со скратено работно време) 1.2. Дали апликантот/ката има искуство во областа (примарна цел) за која се пријавува во огласот 2. Квалитет на проектот 2.1. Колку општата цел на проектот ќе придонесе за реализација на дадената примарна цел 2.2 Колку е кохерентен општиот проект и дали содржи јасна посветеност на неговото спроведување 2.3 Дали спроведувањето на активностите води кон реализација на резултатите предвидени во проектот 2.4 Дали планот за имплементација е јасен и остварлив 2.5 Дали има јасно дефинирани показатели за мерење на постигањата 3. Буџет и ефикасност на трошоци 3.1 Дали активностите се соодветно рефлектирани во буџетот 3.2 Дали односот помеѓу проектираните трошоци и очекуваните резултати е адекватен              

Неопходна документација која треба да ја поднесат ЗДРУЖЕНИЈАТА / КЛУБОВИТЕ    Здруженијата и клубовите кои учествуваат на огласот треба да достават: 1. Пријавување (преземено на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар); 2. Прилог 1 – Временска рамка (достапна на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар). 3. Анекс-2 Буџет (достапен на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар). 4. Копија од моменталната состојба од уписот во регистарот на други правни лица за регистрација на здружението/клубот не постар од шест месеци; 5. Копија од статутот;  

Забелешка:  Доколку вашиот предлог-проект биде избран и добие финансиска поддршка од Буџетот на општина Дебар, имате обврска да го користите логото на општина Дебар. Проектите што ќе добијат финансиска поддршка од општина Дебар треба особено да се внимава да не се нарушува имиџот на институцијата, да не се користи говор на омраза, навреди кои можат да поттикнат насилство, меѓуетничка толеранција или дејствија што се спротивни на Уставот и законските норми на РСМ. За сите горенаведени точки одговорни ќе бидат здруженијата/клубовите или поединците кои ќе добијат финансиска поддршка за нивните предлог-проекти од страна на општина Дебар. Некомплетната документација или пријавите кои ќе се достават по истекот на рокот предвиден во јавниот оглас, нема да се разгледуваат.  Апликациите доставени во архивата на општина Дебар нема да му бидат вратени на апликантот.              

Рок и начин на поднесување апликации   Краен рок за поднесување на апликациите е 07.04.2025 година Документацијата да се стави во затворен плик со назнака: „Јавен Повик (за финансиска поддршка на здруженија и спортски клубови)“ на адреса: Општина Дебар,8-ми Септември бр 72 1250, Дебар, или во архивата на општина Дебар од 08:00 до 16:00 часот    Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на општина Дебар. www.dibra.gov.mk  Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Комисијата за реализација на Јавниот повик на емаил адреса dibra@dibra.gov.mk или тел: 046-831-196

Skip to content