ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ за дезинсекција, систематска превенција за искоренување на комарците на територијата на општина Дeбар
Почитувани, Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на CРМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведуваwе на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа против епидемиска мерка Друштво за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 08.07.2024 год.(понеделник), екипите на Друштво за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбрегјето на Дебарското езеро, депонии и погранишен појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата. Се бара пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за производство, градежништво,инженеринг,трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци е: 070 520 023… |