С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Предлог план “Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар”

          Врз основа на член 50 став (3) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/2020 и 111/2023), Градоначалникот на Општина Дебар го донесе следното:  

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Предлог план “Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар”
 
                Се известуваат сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници на органите на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладините организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Градоначалникот на Општина Дебар донесе Одлука бр. 10-324/2 од 12.03.2024 година за организирање на јавна анкета и јавна презентација по Предлог план “Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар плански период2022-2032 година,со површина на опфат 31,79ха, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги “ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ” ДОО Битола, со технички број 0801-05-09/23 од Февруари 2024 година.                 Јавната презентација и јавната анкета по Предлог план “Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар ќе се спроведува со излагање на планот во просториите на Единицата на локалната самоуправа на Општина Дебар, ул. “8-ми Септември” бр. 72, во информацискиот систем е-урбанизам, веб-страната на Општина Дебар и се огласува со печатени плакати и соопштенија во и околу подрачјето на планскиот опфат.                 Јавната анкета ќе трае 31 дена, односно од 29.03.2024 година до 29.04.2024 година. Јавната анкета истовремено се спроведува и во електронска и во хартиена форма. Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам и преку службената веб страна на Општина Дебар, а во писмена форма се спроведува со излагање на планот на огласна табла во просториите на Општина Дебар и со пополнување на анкетни листови.                 Јавна презентација за Предлог планот ќе се одржи во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8- ми Септември” бр. 72, на ден 16.04.2024 година (вторник) во 12:00 часот.                 Учесниците во јавната анкета, во определениот рок, можат своите забелешки и предлози по Предлог план “Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар да ги доставуваат до Општина Дебар во писмена форма преку анкетни листови кои можат да ги наоѓаат во архивата на Општина Дебар, преку информацискиот систем е-урбанизам, како и по електронски пат до веб адресата на Oпштина Дебар (dibra@dibra.gov.mk). Предмет на забелешките и предлозите не може да бидат плански одредби што се законска или подзаконска обврска, или плански одредби уредени со план од повисок ниво, туку само планските одредби што се предмет на уредување на конкретниот урбанистички план, односно предмет на конкретните изменувања и дополнувања на урбанистички план.   Во прилог: Мапа со граници на опфатот на планот.    

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *