С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар”
Бр./ Nr. 10-488/6 08.11.2022 год./viti ДЕБАР-DIBËR Врз основа на член 50 став (3) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/2020), Градоначалникот на Општина Дебар го донесе следното: С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” |
Се известуваат сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници на органите на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладините организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Градоначалникот на Општина Дебар донесе Одлука бр. 10-488/4 од 08.11.2022 година за организирање на јавна анкета и јавна презентација по Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” планиран развој2022-2027 година,со површина на опфат 0,93 ха и со следните граници на опфат: Север- ул. “Зија Мерсовски”;Запад- Новопланирана ул. “1”; Југ- ул. “Јужна обиколница” крак Р-418 (Р 1201), иИсток- ул. “5”. Јавната презентација и јавната анкета по Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” ќе се спроведува со излагање на планот во просториите на Единицата на локалната самоуправа на Општина Дебар, ул. “8-ми Септември” бр. 72, во информацискиот систем е-урбанизам, веб-страната на Општина Дебар и се огласува со печатени плакати и соопштенија во и околу подрачјето на планскиот опфат. Јавната анкета ќе трае 33 дена, односно од 24.11.2022 година до 26.12.2022 година. Јавната анкета истовремено се спроведува и во електронска и во хартиена форма. Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам и преку службената веб страна на Општина Дебар, а во писмена форма се спроведува со излагање на планот на огласна табла во просториите на Општина Дебар и со пополнување на анкетни листови. Јавна презентација за Нацрт планот ќе се одржи во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8- ми Септември” бр. 72, на ден 06.12.2022 година (вторник) во 13:00 часот. Учесниците во јавната анкета, во определениот рок, можат своите забелешки и предлози по Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” да ги доставуваат до Општина Дебар во писмена форма преку анкетни листови кои можат да ги наоѓаат во архивата на Општина Дебар, преку информацискиот систем е-урбанизам, како и по електронски пат до веб адресата на Oпштина Дебар (dibra@dibra.gov.mk). Предмет на забелешките и предлозите не може да бидат плански одредби што се законска или подзаконска обврска, или плански одредби уредени со план од повисок ниво, туку само планските одредби што се предмет на уредување на конкретниот урбанистички план, односно предмет на конкретните изменувања и дополнувања на урбанистички план. Во прилог: Мапа со граници на опфатот со имињата на улиците кои се граници на опфатот на планот. |
0 Comments