РЕШЕНИЕ Се одобрува ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ – О.ДЕБАР
Врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. Сл.Весник на РМ бр. 32/2020) и по предлогот на Комисијата за урбанизам (10-1062/3 од 21.09.2022) Градоначалникот на Општина Дебар, го донесува следното :
РЕШЕНИЕ
Се одобрува ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ – О.ДЕБАР, со површина од 31.79 ха,границата на планскиот опфат претставува затворена полигонална линија која ги поврзува прекршните точки, а за секоја точка табеларно се дадени параметрите во Геодетскиот елаборат бр. 08-121/3-2021 од 09.12.2020 изработен од „ГЕО ГЕОНОВА“ – Тетово и Анекс на Геодетски елаборат со бр. 08-121/3-2-2020 од 03.03.2022 год
Планската програма е изработена од ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ-Битола со тех. бр. 0801-03-04/22 од Септември 2022 год.
Постапка иницирано од Друштвото за производство, трговија и услуги – ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Битола, преку систем е-урбанизам со бр. 45572.
Образложение
Врз основа Програмата за измена и дополнување на Програмата изработка на урбанистички планови и урбанистичка документација на територијата на Општина Дебар за 2022 (08-1263/7 од 20.12.2021), покрената е постапка за изработка и одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ – О.ДЕБАР, постапката е покренета Друштвото за производство, трговија и услуги – ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Битола, заведено под.бр. 10-1062/1 од 05.09.2022 год.
Со барањето за отпочнување на постапка приложи следната документација :
– ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ – ОПШТИНА ДЕБАР, под.арх.бр. 0801-03-04/22 од Септември 2022 заведено во општина Дебар 10-1062/1 од 05.09.2022 год.
– Геодетски елаборат за ажурирана геодетска подлога бр. 08-121/3-2021 од 09.12.2020 изработен од „ГЕО ГЕОНОВА“ – Тетово и Анекс на Геодетски елаборат со бр. 08-121/3-22020 од 03.03.2022 год.
– Програмата за измена и
дополнување на Програмата изработка на урбанистички
планови и урбанистичка
документација на територијата
на Општина Дебар за 2022 бр. (08-1263/7 од 20.12.2021).
– Решение за формирање на Комисија за урбанизам од Градоначалникот на Општина Дебар бр. 10-1020/1 од 27.11.2020
– Решение за Услови за планирање на просторот Арх.бр.УП1-15 1223/2022 од 30.06.2022, за Услови за планирање на просоторот за изработка на Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар, изработени од Агенцијата за планирање на просторот со тех. бр. Y21622.
– Предлог за одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ, ОПШТИНА ДЕБАР, со бр. 10-1062/3 од 21.09.2022, од Комисија за урбанизам.
Градоначалникот на Општина Дебар, по извршениот увид на приложената документација констатира дека барањето е основано и се исполнети условите согласно член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање Службен весник на Република Северна Македонија бр. Сл.Весник на РМ бр. 32/2020), и врз ова соснова се донесе решение како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение, барателот може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот
0 Comments