О Б Ј А В У В А
Барањето за добивање Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно членовите 122 став 1 и член 124 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Дебар, доставено е Барање за добивање Б – интегрирана еколошка дозвола.
Подносител на барањето:
“ДИГИПС” Доо Дебар
Адреса: ул Ленинова бр. 29
1250 Дебар
Контакт лице: Албан Аџиреџа
Категорија на инсталацијата:
Индустрија на минерали, 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, од Уредбата за определување на активности на инсталации за кои се издава Б – интегрирана еколошка дозвола („Сл. Весник на РМ„ бр. 89/05)
Вид на активност:
50.000 т, готов производ/годишно
Барањето ќе биде достапно на заинтересираната jавност по излегувањето на оваа објава во дневниот печат и тоа во електронска форма на веб страната на Општина Дебар www.dibra.gov.mk и во печатена форма во просториите на:
- Општина Дебар
ул. “8 Септември” бр.72, 1250 Дебар,
Секој работен ден од 10.00 – 15.00 часот
Контакт телефон: 046-831-196
Барањето во печатена и електронска форма ќе биде достапно на заинтересираната јавност од 08.07.2020 година до 06.08.2020 година.
Информации во врска со барањето, заинтересирана јавност може да добие во просториите на Општина Дебар, или на тел. 046 831196
Засегнатата јавност, во рок од 30 дена има право да достави мислења и коментари во писмена форма до Градоначалникот на Општина дебар, ул. “8 Септември” бб 1250 Дебар.
0 Comments