Јавна презентација за Предлог ”Детален урбанистички план за дел од УБ 9 и КО Дебар -2”
Се соопштуват сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог “ Детален урбанистички план за дел од УБ 9, КО Дебар-2, Општина Дебар, со планиран развој 2019-2024“.
Предлог Планот ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае најмалку 10 работни дена, односно од 18.01.2021 до 29.01.2021 година (од 8:00 до 16:00).