Uncategorized
Официјална средба со Амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, амбасадорот Сатибалди Буршаков
Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, денес оствари официјална средба со Амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, амбасадорот Сатибалди Буршаков.
За време на средбата се разговараше за зајакнување на пријателските односи и соработката меѓу локалните институции и дипломатските претставништва, како и за можностите за соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи го економскиот развој, културата и туризмот.
Градоначалникот Мела му се заблагодари на амбасадорот Буршаков за посетата и ја изрази подготвеноста на Општина Дебар за градење мостови на соработка и промоција на потенцијалите на градот на меѓународно ниво. Од своја страна, амбасадорот Буршаков ја оцени високо гостопримливоста и изрази интерес за продлабочување на соработката и меѓусебната размена во иднина.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, потврдувајќи ја заедничката посветеност за зајакнување на односите и меѓуинституционалната соработка.







СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 11, Општина Дебар” плански период 2024- 2029
| Граници на опфатот се: југ: ул. „8-ми Септември“; запад: ул. „8-ми Септември“ и ул. “Фуат Дибра” (старо име ул. „1-ви Мај“); североисток: ул. “Наџи Егриу” (старо име ул „Живко Богдановски“); исток: Кременички Дол (гранична линија на КО Дебар и КО Рајчица); Опфатот е со површина од 18,78 ха. Јавната презентација и јавната анкета поНацрт план“Детален урбанистички план за Блок 11, Општина Дебар” плански период 2024- 2029 ќе се спроведува со излагање на планотво просториите на Единицата на локалната самоуправана Општина Дебар, ул.“8-ми Септември” бр. 72, во информацискиот систем е-урбанизам,веб-страната наОпштина Дебар (www.dibra.gov.mk) и се огласува со печатени плакати и соопштенија во и околу подрачјето напланскиот опфат. Јавната анкета ќе трае32дена, односно од03.10.2025 година до03.11.2025 година.Јавната анкета истовремено се спроведува и во електронска и во хартиена форма.Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизами преку службената веб страна на Општина Дебар (www.dibra.gov.mk), а во писмена форма сеспроведува со излагање на планот на огласна табла во просториите на Општина Дебар и со пополнување на анкетни листови. Јавнапрезентација за Нацртпланот ќе сеодржи во просториитена ОпштинаДебар,односново салатанаСоветотнаОпштинаДебар,ул.“8- миСептември” бр. 72,на ден 15.10.2025 година(среда) во 13:00часот. Во определениот рок, учесниците во јавната анкетаможат своите забелешки и предлози поНацрт планот да ги доставуваат доОпштина Дебар во писмена форма преку анкетнилистови кои можат да ги наоѓаат во архивата на Општина Дебар и во веб-страната наОпштина Дебар (www.dibra.gov.mk),преку информацискиот систем е-урбанизам, како и по електронски пат до вебадресата на Oпштина Дебар(dibra@dibra.gov.mk). Во прилог: Мапа со границина опфатот на планот. |