Lajme nga Komuna

Kамион за собирање и транспортирање на отпадот

Општина Дeбар денеска доби и камион за собирање и транспортирање на отпадот, кој е наменет за маневрирање по уличките на градот, како и во руралните делови на општината.

Предметниот камион е донација од Светска банка во рамки на проектот на општина Дeбар „Зајакнување на капацитетите на општинското претпријатие“. Оваа машина од страната на општината беше предадена на НКП / ЈКП „Стандард“ што ќе ја зголеми и ефикасноста при работа на оваа претпријатие.

Како резултат на проектот, општина Дебар има добиено:

1. Нови контејнери за отпад 130 парчиња

2. Камиони за собирање и транспорт на отпад, 2 парчиња

3. Специјален камион за чистење на отпадни води (Canal Jet).

Со овој проект, возниот парк на НКП „Стандард“ е опремен со најмодерни автомобили кои никогаш не ги имала или ги имала на позајмица од други општини.

#ЗеленаПлатформаВоИмплементација.

Продолжуваме со сигурни чекори …

16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња

Почитувани, Со голема чест и задоволство Ве каниме на настанот во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња”, што ќе се одржи на 9.декември 2022 (петок), во 18:30 часот, во Ресторант Уранику. Кампањата се спроведува секоја година во период од 25.ноември до 10.декември во организација на Обединетите нации (ООН), Европската унија (ЕУ) и на ОБСЕ, а годинава тема на кампањата е „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави”. Настанот има за цел да ја подигне свеста за борба со дигиталното насилство, како и родово-базираното насилство воопшто, а дискусијата ќе се одвива во однос на тоа како социјалните платаформи станаа места каде се одвива онлајн насилство врз жени и девојчиња, кои се предизвиците и моменталните прилики и кои би биле предлозите и начините за подобрување на состојбата. Дискусијата ќе се одвива во рамки на панел дискусија, а настанот предвидува и музички перфоманс на виола и виолончело на дуото Инфинитас. Ве очекуваме,

Известување

Почитувани граѓани, претставници на невладини здруженија, спортски клубови, бизнисмени, заинтересирани како и секој обичен граѓанин, ве покануваме да учествувате на Јавната расправа за Предлог-буџетот на општина Дебар за 2023 година, која ќе се одржи на 12.12 .2022 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот во Салата на Советот на општина Дебар. Транспарентноста и учеството на граѓаните во секоја фаза на одлучување се столбовите на она што им го ветивме на граѓаните и се трудиме да го спроведеме, па затоа сте поканети да ги дадете вашите идеи.

Со почит,
Градоначалник на општината
д-р Хекуран Дука

Почна програмата на здржението на историчарите во Дебар подржана и финансирана од општина Дебар.

Со одбележувањето на денот на азбуката на албанскиот јазик и откривањето на споменикот 110 години незвисност, почна програмата на здржението на историчарите во Дебар подржана и финансирана од општина Дебар. На оваа средба, градоначалникот на општината, г. Хекуран Дука пред ветераните на албанското образование во Дебар, претседателот на општинскиот совет Фуат Спахиу заедно со членовите на општинскиот совет, директорите на деветгодишните општински училишта, граѓани на општината, го поздрави оваа иницијатива упатуваќи честитки до сите албанци за овој многу важен празник. Потоа беше прочитана изјава од историчарите за важноста на овој многу важен историски датум за албанците. За активностите што ќе се спроведат оваа недела во нашиот град, говореше г-ѓа Ќендреса Мула Пачуку, претседателката на здружението на дебарските историчари, повикувајќи ги сите граѓани за масовно учество и за заедничка прослава.Среќни ноемвриски празници!

Известување

Со цел да се подобрат јавните услуги и транспарентноста, Општина Дебар воспостави формулар што им овозможува на сите заинтересирани правни и физички лица да достават барања или идеи за пополнување на буџетот на Општина Дебар за 2023 година. Заинтересираните лица можат да го пополнат образецот што се наоѓа на линкот подолу.https://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар”

Денеска одблиску го увидивме почетокот на работите за реализација на проектот кој се состои во подобрување на водата за пиење во Долно Косоврасти

Денеска одблиску го увидивме почетокот на работите за реализација на проектот кој се состои во подобрување на водата за пиење во Долно Косоврасти.
Ние сме одлучини дека во нашите планови како приоритет го имаме решавањето на проблемот со водата за пиење во нашата општина. Со колосална и храбра работа успеавме во краток временски период во овој мандат да залечиме болна рана, која значително им го отежна животот на нашите граѓани. Следени проекти се за во другите населени места во општината. .#ВетеноРеализирано

Амбасадата на Јапонија во РCM неколку пати донирала во различни форми за потребите на институциите во општина Дебар

Амбасадата на Јапонија во РCM неколку пати донирала во различни форми за потребите на институциите во општина Дебар.
Последната донација, од програмата GGP на јапонската амбасада е дигитален печатач вреден близу 35.000 евра, кој е монтиран и ги опслужува потребите на кабинетот за радиологија во Општа болница Дебар. 
Неговата екселенција г.  Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во РСМ, денеска беше во посета на нашата општина и беше примен во кабинетот на градоначалникот со голема почит, каде на оваа средба присуствуваше и директорката на општата болница г-ѓа Севдие Коџа.
Целта на посетата беше да се промовира оваа донација и да се продолжи со понатамошната соработка со нашата општина.
На оваа средба, од наша страна беше искажана посебна благодарност до амбасадата на Јапонија – јапонскиот народ, за помошта што им ја нуди на граѓаните на нашата општина, бидејќи опремата за која станува збор има големо влијание врз олеснување на процесот на дијагностицирање на болестите воопшто, а посебно со болеста Ковид 19.
Јапонскиот амбасадор г.  Савада, покажа подготвеност за соработка и вети дека во иднина ќе има и други донации за потребите на граѓаните на Дебар исто така, амбасадорот беше презадоволен и се заблагодари за гостопримството и си замина со надеж дека повторно ќе се сретнеме во промоција на уште една следна донација

Денеска во нашиот град заедно со претставници на организаторите СОС Детско

Денеска во нашиот град заедно со претставници на организаторите СОС Детско село Скопје се одржа промоцијата на Кампањата ПОДАЈТЕ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ! во кој случај граѓаните беа повикани да си ги отворат срцата и да се стават во улога на згрижувачко семејство за деца и млади луѓе кои поради некоја причина останаа без родителска грижа. Сите семејства кои ќе се вклучат во грижата на оваа социјална категорија ќе добијат финансиска и друга поддршка. На оваа хумана и света иницијатива со голема почит се приклучија и градоначалникот на општина Дебар Хекуран Дука и градоначалникот на општината Ц.Жупа Аријан Ибрахим, за да помогнат во зајакнувањето на овој процес.

Футсал клубот „Кораби“

Футсал клубот „Кораби“ е формиран како спортски клчб пред неколку месеци во нашиот град. Денеска ја имав честа да бидам поканет од оваа екипа и да го отворам натпреварот против „Шкендија“ од Тетово. Многу интересна игра, невидени навивачи за Кораб, градската спортска сала зовре од ентузијазам. Со поддршка од сите спортски клубови, ние како општина заедно со младите и раководството на клубовите успеавме да го заживееме спортскиот живот во градот. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи без прекин за доброто на прекрасната младина на Дебар.9:9

Skip to content