Lajme nga Komuna

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување заитересирани лица од Општина Дебар, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач

  Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02), член 8 став 1 точка 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Сл. весник на РМ” бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и “Службен весник на Република Северна Македеонија” бр. 275/19), a во согласност со Правилникот за постапката и Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на записникот за положен испит и Сертификатот за авто-такси возач (“Сл. весник на РМ” бр. 126/19). Градоначалникот на Општина Дебар го објавува следниот   ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување заитересирани лица од Општина Дебар, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач   ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИКПредмет на јавниот повик е пријавување на заитересирани лица од Општина Дебар, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач.Испитот го спроведува посебна Комисија за полагање на испит за авто-таски возач, формирана од Градоначалникот.Испитот се врши кај посебен правен субјект кои ги исполнува законските услови за полагање на испит.Трошоците за полагање на испитот паѓаат на товар на возачот.   ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИКПраво на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица од Општина Дебар, со поднесување на Пријава која содржи:Име и презиме на кандидатот;Датум, година и место на раѓање;Адреса на живеалиште или престојувалиште;Број на лична карта и матичен број.Пријавените кандидати кон пријавата се должни да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од Општина Дебар за стручно оспособување на кандидатите. (Информации за обука од правно лице кое е овластено од Општина Дебар за стручно оспособување на кандидатите, заинтересираните лица можат да добијат на телефонски број 071 669 404).   НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТАЛицата од точка 2 поднесуваат Пријава до архивата во Општина Дебар, најдоцна два дена пред денот на одржување на испитот.   ИСПИТИспитот се спроведува еднаш месечно (во ден 27 од секој месец, во случај на нерабоетн ден тогаш испитот ќе се одржи следниот работен ден);Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест.Испитот содржи испитни прашања од две тематски области и тоа:безбедност на сообраќајот на патиштата ипревоз на патниците.   По спроведувањето на испитот доколку возачот го положи испитит ќе му биде издадено посебно Уверение за положен испит, а во рок од 15 дена му се издава Сертификат за авто-таски возач.    

Предмет: ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

      Во врска со предстојната превентивна систематска дезинсекција за уништување  на комарците на подрачјето на општина Дебар

         Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа противепидемиска мерка Општина Дебар го издава следното  соопштение:

         Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 01.07.2021 год.(четврток ), екипите на ЛИСА-КОМ МС -Кавадарци ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците.

   Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени :зелените површини во  Општината,  крајбрежјето на  Дебарското езеро,  депонии и пограничен појас, урбаната  населба Дебар како и останатите локалитети предвидени  во планот и  програмата.

          Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на пчелите.

ЈАВЕН ОГЛАС За пројавување интерес за спроведување на стручно оспососбување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач за општина Дебар

Работна посета на претседателот на Олимпискиот комитет на РСМ, г. Даниел Димевски

Работна посета на претседателот на Олимпискиот комитет на РСМ, г. Даниел Димевски. Целта на посетата беше средба со сите спортски клубови во општина Дебар и 2-дневна обука за можностите за искористување на средствата предвидени за развој на спортот во овие области. Присутен беше и претседателот на Кајакарската Федерацијата на РСМ, г. Дрилон Леши.

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

I. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:

• Реонски попишувачи и

• Реонски инструктори.

II. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како што следи во табеларните прегледи: Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори

III. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон. III.1 Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10% повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи.

IV. Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс треба да ги исполнуваат следните услови: а) Општи услови • да се државјани на Република Северна Македонија, • да се полнолетни, • да имаат завршено најмалку средно образование и • да немаат засновано работен однос. б) Дополнителни услови • познавање на работа со персонален компјутер и • познавање на соодветниот јазик на заедницата според табеларниот преглед од точка II на овој конкурс. 4

V. Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање (проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на работа со персонален компјутер)

VI. Тестирањето ќе се спроведе во седиштата на комисиите на пописните реони за кандидатите кои имаат место на живеење во соодветниот пописен реон.

VII. Времето (часот) на почетокот на тестирањето и местото (просториите) каде што ќе се одржи тестирањето дополнително ќе бидат објавени во седиштето на секоја Комисија за пописен реон и на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.

VIII. Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx (пријава на македонски јазик) и https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021_al.aspx (пријава на албански јазик), во периодот од 23.02.-28.02.2021 година.

IX. Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна 01.03.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

X. Потребните документи кои кандидатите треба да ги достават се: а) Доказ за државјанство – фотокопија од: • лична карта или • уверение за државјанство или; • важечка патна исправа б) Доказ дека има завршено најмалку средно образование – фотокопија од: • свидетелство или • уверение или • диплома за завршено образование в) Писмена изјава дека нема засновано работен однос г) Писмена изјава дека има познавање од работа со персонален компјутер

XI. Ангажирањето на избраните кандидати ќе биде по основ на Договор за дело.

XII. Кандидатите со некомплетни документи нема да бидат земени предвид при разгледувањето.

XIII. Изборот на кандидатите кои ќе бидат ангажирани ќе го изврши Директорот на Државниот завод за статистика, по предлог од надлежната работна група формирана за секој пописен реон. XIV. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 3 дена по тестирањето, а списокот на избраните кандидати ќе биде објавен на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.

Скопје, 23.02.2021 Државен завод за статистика

Pланираната активност за реконструкција и подобрување на уличното осветлување

Од денес, почнува планираната активност за реконструкција и подобрување на уличното осветлување во Дњбар и руралните делови на општината (Могорче, Косовраст, Џепиште / Отишан). Работата ќе се одвива според предвидената динамика.

Skip to content