Pеконструиран кружниот ток
Во близина на општинската зграда е реконструиран кружниот ток од кој се нуди поубав и пофункционален поглед. Истата работа ќе се преземе и за следниот кружен тек на булеварот Илирија.
Во близина на општинската зграда е реконструиран кружниот ток од кој се нуди поубав и пофункционален поглед. Истата работа ќе се преземе и за следниот кружен тек на булеварот Илирија.















Денеска директорот на општата болница Дебар, г. Баки Алили, сподели благодарници за општина Дебар и за здравствените работници кои директно се вклучија во борбата против пандемијата со Ковид19. Општина Дебар во тоа време го формираше оперативен штаб каде јас бев шеф на штабот и во соработка со болницата и сите други институции менаџиравмр многу успешно. Исто така, проектот за изградба на модуларната болница помина низ општина Дебар во соработка со Министерството за здравство каде општината изгради темел, платформа и подземна инфраструктура. Честитки за примерната работа на сите колеги!
По одредени потешкотии со пандемската криза, годинава на матурантите од нашата општина им беше овозможено да го реализираат традиционалното дефиле во градот и да ја прослават матурската вечер. Почитувани матуранти! Од се срце ви ја честитам матурата посакувајќи ви пред се да бидете здрави и да имате среќа и успех во вашиот живот кој ве очекува напред со многу други предизвици со кои несомнено успешно ќе се соочите бидејќи имате енергија, образование, интелигенција и вие сте гордоста на овој град. Штотуку успешно завршивте една фаза од вашиот живот, сега ве чекаат други обврски, да станете професионални со учење и образување на уште повисоки институции за да можете да создадете свои семејства а истовремено да бидете корисни за општеството. И на сите родители на матурантите им посакувам среќа за нивните деца.













Денеска ја посетив територијалната единица за противпожарна заштита Дебар за да им го честитам денот. Нашата единица обезбедува услуги и на 2 соседни општини, онаа на Маврово Ростуша и центарот Жупа. Таа е една од најдобрите единици на национално ниво и општината се труди максимално да ги исполни техничките и административните барања на единицата. Честитки и среќно !







Денеска заменик министерот за земјоделство, г. Abdylshyqyr Abedini, ја посети општина Дебар каде што остваривме работна средба. Заменик министерот не информираше за сите програми на министерството каде можеме да аплицираме за различни проекти. Во однос на начинот на аплицирање на проектот, ќе се одржи семинар со претставници од општините на кој детално ќе се дадат практични упатства во врска со апликацијата. Побаравме и да се забрзаат процедурите за реализација на проектот за наводнување на Дебарската рамнина и да се отворат повици од агенцијата за земјоделство и рурален развој каде што ние имаме подготвени инфраструктурни проекти.



Денеска започна асфалтирањето на патот до саат-џамијата, многу важна инфраструктурна артерија која ќе го олесни сообраќајот во градот. Станува збор за проект на општина Дебар. Реализацијата на проектите ќе продолжи без прекин…




Денеска во нашата општина се одржа многу важна средба помеѓу сточарите, земјоделците и заменик директорот на агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, г. Ремзи Абдулахи. Се дебатираше за многу проблеми на земјоделците и начини за нивно решавање во соработка со агенцијата. Се збореше и за начинот на помагање на сточарите и земјоделците преку финансиски субвенции на повиците на оваа агенција. Договорено е да се одржат уште неколку средби по потреба.









„Стоп паркинг“ се поставува на градското шеталиште за да се запре непрописното паркирање. На шеталиштето има предвидени паркинг простори за паркирање на автомобили.






Денот на Европа се слави секоја година на 9 мај. Овој ден беше одбележан со одредени активности во предучилишната установа „Брешија“ во Дебар.Честитки!


