Денот на Европа
Денот на Европа се слави секоја година на 9 мај. Овој ден беше одбележан со одредени активности во предучилишната установа „Брешија“ во Дебар.Честитки!
Денот на Европа се слави секоја година на 9 мај. Овој ден беше одбележан со одредени активности во предучилишната установа „Брешија“ во Дебар.Честитки!
Денеска учениците од училиштето ОУ Пенестиа, Саид Најдени, општински работници, општинска управа, НПК Стандард беа дел од уште една еколошка акција – General Weekend, организирана во соработка со општина Дебар во заедничко партнерство: Пивара Скопје, ПАКОМАК и Мен и Планина. Исчистени се површините кои беа загадени со фрлање смет од несовесни лица. Чистотата на околината е заедничка грижа.
Ве поканиме да присуствувате на јавната презентација“Подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво” организирано од Национална платформа за женско претприемништво во соработка со општина -Дебар и општина -Центар Жупа – Валентина Дисоска – Претседател на Национална платформа за женско претприемништво.- Емилија Андонова – Фондација за менаџмент и индустриски истражувања.- Сузана Наумовска (Локален координатор за Југозападен регион (ЛКЈЗР) – Презeнтација активности и наредни чекори за Национална платформа за женско претприемништво (NPWE/ НПЖП).- Габриела Милошоска (Сектор за Туризам и локален економски развој, Општина Охрид) – Информации улога на локалните самоуправи во НПЖП и можности за формирање на совет за женско претприемништво во општините во Југозападен регион. 13.05.2022 (петок), Часот: 10:30 Во просториите на општина Дебар По презентација сте поканети на коктел!
ОПШТИНА ДЕБАР
ОБЈАВА БРОЈ 0 1 / 2022
ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА
1. Б – КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ НАМЕНИ, ( Б1- МАЛИ КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ НАМЕНИ, Б2 – ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ, Б3 – ГОЛЕМИ УГОСТИТЕЛСКИ ЕДИНИЦИ, Б4 – ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ, Б5 – ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКСИ и Б6 – ГРАДБИ ЗА СОБИРИ )
Согласно Детален урбанистички план дел од Урбан Блок – 25 Зона со специјална намена касарна- ,,Лиман Каба,, донесен со одлука бр.07-218/5 од 09.03.2010 година .
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со:
ТАБЕЛА бр.1
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат: Сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територија на Република Северна Македонија согласно со закон а кои ги исполнуваат условите дадени во објавата и тоа:
1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европска унија и на ОЕЦД, а под услови на реципрцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Северна Македонија.
2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице регистрирани во Централниот регистар на РСМ, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европска унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат, преку информацискиот систем поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk ,со пополнување на електронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач за секоја градежна парцела поединачно, во која е наведено за која парцела се однесува пријавата и кои документи се составен дел од пријавата комплетирана со следните докази, приложени во електронска форма , при што потребната документација се доставува во скенирана копија во РDF или фотографија од документот во jpg или jpeg форма, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази ( приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар ) .
1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и која документација се доставува во прилог на пријавата потпишана дигитално. Доколку лицето кое ја пополнува пријавата за аукција е во улога на полномошник задолжително е да прикачи полномошно заверено на нотар;
2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата која е утврдена согласно табеларниот преглед даден во оваа објава на понудата во износ од 110% од вкупната почетна цена на градежното земјиште со рок на важност до 27.07.2022г. , со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на гаранција);
3. За физичките лица уверение за државјанство;
4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;
5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице;
6. Е-mail адреса на поднесителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање, (за поднесителите на пријави кои ќе достават погрешна е-mail адреса, Општина Дебар нема обврска да прима и врши корекции на истата) ;
7.Изјава за прифаќање на условите во објавата потпишана со дигитален потпис;
Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и поднесени во согласност со условите од објавата.
Доколку се учествува на електронското јавно наддавање на повеќе од една градежна парцела, доволно е во оригинал или фотокопие заверено на нотар да се достави погоре наведената документација во прилог на една пријава, а во останатите може да се достават и фотокопии .
Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање .
ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведена во Табеларниот преглед бр.1 изнесува 1.100,00 денари од метар квадратен за ГП бр.25.3 ; ГП бр.25.14 и ГП бр.25.15.
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
1.Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларен преглед даден во оваа објава и инесува 110% од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно.
РОКОВИ
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават од 05.05.2022 год. до 06.06.2022 год. ( 30 дена ), електронски , преку иформацискиот систем на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Јавното наддавање ќе започне на;
На ден 09.06.2022 година и истото ќе трае 15 (петнаест) минути како што следува;
Во 12,00 часот со траење од 15 (петнаест) минути за ГП со број 25.3,
Во 13,00 часот со траење од 15 (петнаест) минути за ГП со број 25.14 и
Во 14,00 часот со траење од 15 (петнаест) минути за ГП со број 25.15.
ПОСТАПКА
Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Дебар. www.dibra.gov.mk
ОПШТИНА ДЕБАР
Комисија за спроведување на
постапките за јавно наддавање
Денеска почнаа работите за реконструкција на ветениот пат во с. Отишан. Проектот на општина Дебар финансиски го покрива ТАВ Аеродроми Холдинг од Турција. Споменатиот проект е најкапиталниот проект досега во с. Отишан. Наскоро во општина Дебар ќе започнат и други работи околу изградба на патишта и други инфраструктурни објекти.
Почитувани земјоделци
Ве известуваме дека од денешниот датум 05.Мај 2022 можете да поднесете барања за финансиска подршка во земјоделството за 2022 година.
Барањата се поднесуват онлајн во службената страница на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk ,а сите тие кои немат технички можности да се обратат до канцеларијата на Министерството за земјоделство ,шумарство и водостопанство ПЕ Дебар ,каде ќе им се укаже потребната техничка помош.
Добродојдени сте и ви се заблагодаруваме на соработката.
Краен рок за поднесување на барањата е 31.Мај 2022 година.
На сите муслимани честит големиот празник Фитер Бајрам. Госпот да ви ги прими сите ваши ибадети.
Денеска имавме важна посета на делегацијата на Чешката амбасада во РСМ предводена од самиот амбасадор г. Јарослав Лудва. Амбасадорот беше запознаен со карактеристиките на општина Дебар, ресурсите со кои располага, начинот на менаџирање и тешкотиите на кои се среќава особено во актуелната енергетска и економска криза. Амбасадорот изрази подготвеност финансиски да поддржи мал проект на општината и се договоривме за една работна средба после 2 недели.
Еколошката акција организирана од општина Дебар беше многу успешна бидејќи во неа беа вклучени сите поединци и различни субјекти кои пред се ја сакаат чистотата на Дебар не само со зборови туку и со дела. Со оваа активност беше дадена порака дека против загадувањето на животната средина кое постојано го предизвикуваат некои несовесни луѓе, ние кои ја сакаме природата и околината на Дебар, нема да сеедниме со вкрстени раве, туку ќе дејствуваме. Голема благодарност до сите учесници кои во овие денови на пост направија чин кој не само на човекот туку и на Бога му угодува. Вакви акции ќе организираме во наредните месеци, без разлика кој ќе го иницира, важно е Дебар да се исчисти од шут. Ова е патриотски гест и обврска на секој граѓанин.