Author: diberkomuna

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 94/17, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Дебар го објавува следното:

СООПШТЕНИЕ

           Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог Детален урбанистички план за Блок 7, Општина Дебар, планиран развој 2020- 2025, со површина од 10,61ха, со следните граници:

  • Север: ул. “Џавит Уштеленца”;
  • Југ: ул. “Атанас Илиќ” и ул. “Али Зенговски”;
  • Исток: ул. “Амди Леши”;

           Предлог Планот ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае најмалку 11 работни дена, односно од 24.06.2021  до 09.07.2021 год (од 800 часот до 1600  часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.

           Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 01.07.2021 во 12.00 часот, во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.

Predlog DUP bl 7_sitezen plan https://drive.google.com/drive/u/0/my-drive

СООПШТЕНИЕ – Седница 48

Врз основа член 7 од  Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар („Службен гласник на Општината„ бр. 4/05)     
На ден    25.05.2021 год. се донесе
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 48та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР


Се свикува  48та  седница   на    Советот   на Општина Дебар.
Седницата се свикува за  31.05.2021 (Понеделник) со почеток во 11:00 часот во салата на
Советот на Општина Дебар.

Д н е в е н     р е д
1. Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Пенестиа„ – Дебар за 2022 година.
2. Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Ристе Ристески„- с. Долно Косоврасти за 2022 година.
3.Барање согласност за новиот статут на СОУ”28 Ноември” -Дебар.
4. Решение за разрешување и именување на преставници на Општина Дебар во Училишниот одбор на ООУ„Пенестиа„ Дебар.

СООПШТЕНИЕ Седница 47

Врз основа член 7 од  Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 4/05)     
На ден    23.04.2021год. се донесе                   

РЕШЕНИ  Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 47та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР  

Се свикува 47та  седница   на    Советот   на Општина Дебар.
Седницата се свикува за  29.04.2021 (Четврток) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.     
За  седница  се предлага овој : -усвојување на 46 записник                         

  Д н е в е н     р е д  

1. Предлог-листа на имиња  на улици, плоштади,мостови и други инфраструктурни инфраструктурни објекти во градот Дебар, со заклучок за усвојување.
2. Заклушок за усвојување на извештајот за извршување на буџетот на општината Дебар за 2021година I-квартал
3. Барање за согласностза измена и дополнување на годишен план за вработување за 2021 година во Општина Дебар.
4. Предлог одлука за донесување на Конечен Детален урбанистички план за дел од УБ 9-КО Дебар 2, Општина Дебар ,плански период (2019-2024) .

Јавна презентација за Предлог “Детален урбанистички план за Блок 5 – КО Дебар 1 и КО Дебар 3

Се соопштуват сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог “ Детален урбанистички план за Блок 5 – КО Дебар 1, КО Дебар 3, Општина Дебар.

Предлог Планот ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае најмалку 10 работни дена, односно од 12.04.2021 до 27.04.2021 год (од 8:00 часот до 16:00 часот).

ЈАВЕН ОГЛАС За пројавување интерес за спроведување на стручно оспососбување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач за општина Дебар