Author: diberkomuna

Денеска во просториите на општината се одржа средба со Џемаил Чупи Министерот без ресор во РСМ

Денеска во просториите на општината се одржа средба со Џемаил Чупи Министерот без ресор во РСМ– посветен на дијаспората. Тема на разговор беше изнаоѓање можности за соработка на овој министерски ресор со локалната самоуправа во повеќе проекти поврзани со дебарскта дијаспора во САД и Европа. Почетна точка би било отворањето на канцеларија на дијаспората во општина Дебар каде на дијаспората ќе и бидат обезбедени услуги кои се тесно поврзани со решавање на нивните барања и проблеми. Од наша страна беше изразена подготвеност и добра волја да бидеме дел од реализацијата на овој проект бидејќи оваа идеја беше одамна, а сега ќе се обидеме да ја реализираме.

Средби со Народен правобранител

Средби со Народен правобранител – секој последна среда од месецот.Средбите ќе се одржаат во просториите на Општина Дебар од 09:00 до 15:30 часот.

СООПШТЕНИЕ – 5та седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     

На ден    21.01.2022 год. се донесе:
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 5та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР  
Cедницата се свикува за 31.01.2022(ПОНЕДЕЛНИК ) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :

Д н е в е н     р е д

  • Усвојување на 4 записник.
  • Извештај за извршување на Буџетот на Општина Дебар за 2021 година -IV квартал со заклучок за усвојување.
  • Предлог одлука за избор на комнадир на полициска станица од општа надлежност Дебар.
  • Предлог одлкука за отуѓување на движен имот во сопсветност на Општина Дебар.
  • Разно.

Известување

Поради тоа што метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи од снег во наредните денови и температури под 0, апелираме до граѓаните доколку не е потребно да избегнуваат движења и да не паркираат автомобили на тротоарите и локалните улици во градот за да се овозможи чистење на снегот до јасно . Бараме и трговците да го расчистат снегот пред нивните објекти.

Започне подготвителните работи за почеток на изградбата на паркингот во Горно Косоврасти

Тимот инженери од урбанистичкиот сектор денеска по налог на градоначалникот излезе на терен за да ги започне подготвителните работи за почеток на изградбата на паркингот во Горно Косоврасти. Првата фаза предвидува изработка на технички проекти и потоа ќе продолжи со реализација на оваа работа. Изградбата на паркинг за овој рурален дел е приоритетен проект и многу неопходен за благосостојбата на жителите.

Иако оваа локација на влезот од градот неколку пати беше исчистена од жителите но и од одржувачите на општината и стандардот, загадувањето и фрлањето отпад од тотално несoвесни лица продолжува. Чистотата на градот е одраз на културата. Ние дебарчаните сме културни и цивилизирани. Секако за овој прекршок некој ќе биде казнет, ​​доста веќе!

Kонференција за печатени и електронски медиуми во нашата земја

Денеска беше организирана конференција за печатени и електронски медиуми во нашата земја, на која се одрази целокупното работење на општина Дебар во текот на 2021 година.
Хронолошки беше претста вена целокупната активност на општинската администрација која секогаш била и е во служба на граѓаните на најефикасен можен начин.
Оваа година се сметаше за многу успешна година и покрај тешкотиите кои негативно се одразија на динамиката на реализација на некои проекти.  Со надеж дека ќе имаме постабилна финансиска, енергетска, здравствена и политичка состојба, во 2022 година ќе бидеме многу поефикасни и поконкретни во реализацијата на планираните и приоритетни проекти за нашата општина.
Ќе продолжиме на реализација на другите фази од проектот за водата за пиење, управување со отпад и депонијата на градот како и подобрување на патната инфраструктура во градот и руралните делови на општината.  За сите овие активности обезбедени се финансиски средства од владини и меѓународни извори.
Посебно внимание ќе се посвети на подигање на повисоко и посовремено ниво на работата на НКП Стандард како во организациски така и во технички аспект преку обезбедување на стручни лица и соодветна механизација за нивната дејност.
Во 2022 година работата на општинската администрација ќе биде поефикасна со обука на административци со посебни и специфични програми, особено во секторот урбанизам, право, финансии (наплата даноци), образование, култура, спорт итн.
Ќе се инсистира на подобрување на работата на инспекторатот како општински, градежен, сообраќај, еколошки, просветен итн.
Општината тесно ќе соработува со институциите на централната власт, со соседните општини, странските и локалните инвеститори, дебарскиот  бизнис, дијаспората во САД и Европа, за да ја постигнеме нашата заедничка цел: Да го направиме Дебар онаква каква што сите сакаме, како младите го сакат.
Од се срце ви ја честитам новата 2022 година, со надеж дека ќе имате здравје и хармонија во вашите семејства!

Р ЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 4та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

     На ден    24.12.2021год. се донесе 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 4та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за      28.12.2021(ВТОРНИК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

      За  седница  се предлага овој :

                        Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 3 записник

2.Предлог Буџет на Општината Дебар за 2022 година со заклучок за донесување.

3. Предлог одлука за извршување на Буџетот на Општината Дебар за 2022 година.

4.Предлог Програма за работа на Советот на Општината Дебар за 2022  година со заклучок за донесување. 

5.Извештај за реализација на годишната Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во подрачјето на Општина Дебар за 2021 год, со заклучок за усвојување.

6.Предлог годишна Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштина на општинските патишта и улици во подрачјето на Општина Дебар за 2021 год. со заклучок за донесување.

7. Одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плoштади на Општина Дебар

8.Предлог одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичка планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр.10328 К.О. Дебар-3

Бр. Nr. 08-1296/1

24.12.2021год.viti 

Дебар/Dibër

Skip to content