Дебар – природно и културно богатство што чека да биде откриено!

Општина Дебар оваа година за првпат учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT во Истанбул, означувајќи значаен чекор кон меѓународна промоција на туристичките потенцијали на нашиот град. Овој проект се реализира во соработка со Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Во рамките на саемот се претставуваат природните убавини, културното наследство, традициите и препознатливото гостопримство на Дебар, претставувајќи го градот како дестинација со голем потенцијал за развој на туризмот.

На саемот, заедно со делегација од Северна Македонија, присуствуваат г Фисник Мела, градоначалник на Општина Дебар, г Зоран Лутков, министер за култура и туризам, како и г Менди Ќира, градоначалник на Општина Струга. За време на престојот на саемот, за значењето на промоцијата на нашите градови на меѓународната туристичка сцена и можностите што ги отвора ова учество за понатамошен развој на секторот.

За време на саемот беа реализирани средби и со повеќе туристички агенции, со цел зголемување на соработката и привлекување на што поголем број туристи во нашиот град.

Градоначалникот Мела истакна дека претставувањето на Дебар на саем од вакви размери претставува важен момент за иднината на туризмот во градот и за зајакнување на неговата видливост како туристичка дестинација.

Преку ова претставување, Дебар има за цел да се позиционира како привлечна дестинација за природен и културен туризам, зацврстувајќи ја улогата на туризмот како важен столб на локалниот економски развој.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content