Промоција на нова опрема
Градоначалникот на Општина Дебар присуствуваше на настанот за промоција на нова опрема за управување со цврст отпад, во рамки на Регионалниот проект за управување со отпад, чија цел е воспоставување модерен и одржлив систем за заштита на животната средина.
Со овој проект, Општина Дебар ќе се опреми со 5 камиони за собирање и транспорт на отпад, со што значително ќе се подобрат капацитетите на комуналните служби. Оваа инвестиција директно ќе ѝ помогне и на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, преку подобрување на условите за работа и обезбедување нови средства за собирање на отпадот, имајќи предвид дека досега претпријатието функционираше со само еден камион.
Со реализацијата на проектот се очекува зголемување на опфатот на услугата за собирање на отпад, намалување на дивите депонии и подобрување на општата чистота во урбаните и руралните средини на општината.
Општина Дебар останува посветена на унапредување на јавните услуги, заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.






0 Comments