Month: <span>December 2025</span>

Градоначалникот на Општина Дебар, господин Фисник Мела, оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, госпоѓа Анџела Агелер

Градоначалникот на Општина Дебар, господин Фисник Мела, оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, госпоѓа Анџела Агелер. Оваа посета претставува и прва официјална посета на амбасадорка во новиот мандат на градоначалникот Мела.

Посетата на амбасадорката претставува значаен чекор кон унапредување и зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебар и институциите на Соединетите Американски Држави кои делуваат во државата.

За време на средбата, градоначалникот Мела ги претстави приоритетните проекти на општината, со посебен акцент на локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции, промоцијата на туризмот, како и иницијативите за подобрување на квалитетот и ефикасноста на јавните услуги. Тој ја истакна важноста на меѓународната поддршка во развојните процеси и го нагласи значителниот потенцијал што Дебар го нуди во повеќе области.

Амбасадорката Агелер изрази висока оценка за визијата на општината и за нејзината силна посветеност во унапредувањето на проектите што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните. Таа ја потенцираше подготвеноста на Амбасадата на Соединетите Американски Држави да ги поддржи иницијативите насочени кон зајакнување на локалните институции и одржливиот развој.

Средбата заврши со заедничка определба за продолжување на соработката и за истражување на нови можности за партнерство во области од заеднички интерес.

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, денес ги изврши увидите на градежните работи за асфалтирање на последниот сегмент од улицата „Ибрахим Колари“

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, денес ги изврши увидите на градежните работи за асфалтирање на последниот сегмент од улицата „Ибрахим Колари“, проект што е целосно финансиран од Министерството за транспорт.

За време на увидот беше констатирано дека работите се одвиваат согласно планираната динамика и потребните технички стандарди. Ова значајно вложување ќе го подобри сообраќајот и безбедноста на патиштата, овозможувајќи полесен и побрз пристап за жителите на овој реон.

Градоначалникот Мела ја потенцираше важноста на институционалната соработка и изрази задоволство што овој проект се приближува кон финализација, претставувајќи важен чекор кон модернизација на патната инфраструктура во општината.

Општина Дебар ги известува граѓаните дека е опремена со нов багер

Општина Дебар ги известува граѓаните дека е опремена со нов багер, кој ќе се користи за потребите на Општина Дебар, со цел подобрување на комуналните услуги и зголемување на ефикасноста при извршување на дневните задачи.

Ова ново работно средство е обезбедено во рамките на проектот за зајакнување на локалните капацитети, во кој Општина Дебар учествува со кофинансирање од 40%. Проектот е реализиран со поддршка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Бирото за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој.

Општина Дебар останува посветена на модернизацијата на опремата и подобрување на квалитетот на јавните услуги, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните.

Општина Дебар ја информира јавноста дека успешно е завршен проектот за новиот водовод во селото Могорче

Општина Дебар ја информира јавноста дека успешно е завршен проектот за новиот водовод во селото Могорче – капитална и долгоочекувана инвестиција која обезбедува стабилно и квалитетно водоснабдување за жителите на ова подрачје.

Проектот опфати изградба на нов водовод со должина од 3.4 километри, кој го поврзува природниот извор со двата главни резервоари на селото. Оваа стратешка инвестиција конечно ги решава долгогодишните проблеми со недоволното и нерегуларно водоснабдување на локалното население.

Покрај водоводот, реализирано е и отворање и уредување на планински пат, финансиран од буџетот на општината, кој овозможува пристап на механизацијата за одржување во текот на целата година. Оваа нова инфраструктура значително ќе го олесни и движењето на сточарите и жителите кон планинските подрачја.

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, истакнува дека овој проект претставува доказ за континуираната посветеност на општината за подобрување на квалитетот на живот и спроведување на одржливи инвестиции во секое населено место на Дебар.

Општина Дебар останува посветена на понатамошен развој на инфраструктурата, модернизација на услугите и создавање подобри услови за сите наши сограѓани.

Во просториите на Општина Дебар се одржа важна работна средба помеѓу градоначалникот на Општината, г. Фисник Мела, и министерот за европски прашања, г. Орхан Муртезани

Во просториите на Општина Дебар се одржа важна работна средба помеѓу градоначалникот на Општината, г. Фисник Мела, и министерот за европски прашања, г. Орхан Муртезани. На почетокот на средбата, министерот Муртезани му ја честиташе функцијата на градоначалникот Мела, посакувајќи му успех во раководењето со општината и во реализацијата на развојните проекти кои го очекуваат Дебар во наредниот период.

Целта на средбата беше зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебар и Владата на РСМ, како и унапредување на процесите на европска интеграција на локално ниво. За време на разговорот беа обработени теми поврзани со развојот на општината согласно стандардите на еден европски град, вклучувајќи ја модернизацијата на инфраструктурата, подобрувањето на јавните услуги, зголемувањето на капацитетите за искористување на европските фондови и проширувањето на туристичкиот и културниот потенцијал на регионот.

Градоначалникот Мела ја истакна посветеноста на општината за реализирање на проекти што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, додека министерот Муртезани ја изрази целосната поддршка на Владата за локалните иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој и приближување на Дебар до европските практики.

Двете страни се согласија дека оваа средба претставува почетна точка за продлабочување на институционалната соработка, воспоставувајќи цврста основа за реализација на конкретни проекти кои ќе го водат Дебар кон една модерна и европска иднина.

Општина Дебар останува посветена на транспарентноста, развојот и обезбедувањето квалитетни услуги за сите граѓани.

Во последните денови, во подрачјето на Дебарско езеро, беше констатиран обид за узурпација

Во последните денови, во подрачјето на Дебарско езеро, беше констатиран обид за узурпација на јавна сопственост. Благодарение на итната реакција на Општина Дебар и соработката со надлежните служби, јавниот простор беше ослободен без одложување, а местото на настанот беше обележано со службени ленти за да се спречи било каква понатамошна интервенција.

Сакам решително да нагласам дека ваквите појави им припаѓаат на минатото. Во Општина Дебар нема да дозволиме ниту еден обид за злоупотреба на заедничката сопственост. Институционалната реакција ќе биде итна, одлучна и бескомпромисна кон секое прекршување што има за цел узурпација на јавните простори.

Јавната сопственост за нас е света. Таа им припаѓа на сите граѓани и ќе биде заштитена со максимална посветеност. Ќе продолжиме да работиме секој ден за ниту една педа земја од заедницата да не биде злоупотребена или загрозена.

Ви благодарам за соработката и ве повикувам да ги известите нашите институции за секој сомнителен случај. Заедно, го штитиме Дебар и нашата заедничка иднина.

Ваш, Фисник Мела

Градоначалник на Општина Дебар.

Се одржа конститутивната седница на новиот Совет на Општина Дебар

Денес во Општина Дебар се одржа првата конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општината, значаен настан за институционалното функционирање и демократското претставување на граѓаните.

Седницата се одвиваше во присуство на градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, како и на новоизбраните советници.

Со мнозинство гласови, г. Африм Керкути беше избран за претседател на Советот на Општина Дебар, добивајќи ја довербата да ја раководи работата на Советот во наредниот мандат.

Градоначалникот Мела им честиташе на новите советници и истакна дека соработката меѓу извршната власт и Советот е клучна за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и понатамошниот развој на општината.

Новиот Совет на Општина Дебар ја одразува волјата на граѓаните за транспарентност, развој и заедничка работа во насока на подобра иднина на општината.

    Церемонија на примопредавање и доделување на сертификатите на новиот градоначалник на Општина Дебар и членовите на Советот

    Во просториите на Општина Дебар денес се одржа официјалната церемонија на примопредавање и доделување на сертификатот за новиот градоначалник на Општина Дебар, г. Фисник Мела, како и доделувањето на сертификатите на новоизбраните членови на Општинскиот совет, по завршувањето на изборниот процес.

    Церемонијата се одржа во присуство на претставници од Изборната комисија, општинската администрација, претставници на политичките партии, медиумите и граѓаните.

    За време на церемонијата, досегашниот градоначалник г. Хекуран Дука официјално ја предаде должноста на новоизбраниот градоначалник, посакувајќи му успех во извршувањето на обврските и реализацијата на развојните проекти за општината.

    Во своето прво обраќање како градоначалник, г. Фисник Мела им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба и ја истакна својата посветеност кон транспарентност, соработка со граѓаните и унапредување на општата благосостојба во Општина Дебар.

    Со овој повод, беше извршена и официјалната сертификација на новите советници на Општинскиот совет, кои ќе ги претставуваат интересите на граѓаните во следниот мандат.

    Регионалните реформи за управување со отпад

    Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, учествуваа на два значајни настани одржани на 9 и 10 декември 2025 година во Скопје, во рамки на регионалните реформи за управување со отпад.

    На 9 декември се одржа свечен прием посветен на јакнење на соработката меѓу државните институции, општините и меѓународните партнери, со акцент на заедничката посветеност за современ и одржлив систем за управување со отпад.

    На 10 декември, општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – нов регионален механизам што овозможува поефикасна координација, долгoroчно планирање и поквалитетни услуги за граѓаните.

    МОУО ќе има клучна улога во усвојувањето на регионалните планови за управување со отпад, координирањето на затворањето на постојните депонии, надгледувањето на регионалниот систем и обезбедувањето транспарентност и вклученост на јавноста.

    Формирањето на МОУО го означува почетокот на новата фаза на реформата, која вклучува изработка на Регионален план 2026–2032 и финализирање на регионалните комунални структури.

    Општина Дебар останува целосно посветена на унапредување на еколошките стандарди и подобрување на јавните услуги во интерес на граѓаните.

    Онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии

    Општина Дебар презеде значајни чекори кон зголемување на транспарентноста и вклученоста на граѓаните во процесот на буџетското планирање. Во рамките на подготовките за Предлог-буџетот за 2026 година, е поставена онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии.

    Оваа форма им овозможува на граѓаните и различните субјекти директно да придонесат во утврдувањето на буџетските приоритети и развојот на проектите што влијаат врз подобрувањето на квалитетот на живот во општината.

    Формата е достапна на следниот линк:

    Општина Дебар останува целосно посветена на транспарентноста, отчетноста и активната вклученост на граѓаните во сите буџетски и развојни процеси, стремејќи се кон создавање поинклузивна и поефикасна средина за сите жители.

    Skip to content