Општина Дебар ја информира јавноста дека успешно е завршен проектот за новиот водовод во селото Могорче
Општина Дебар ја информира јавноста дека успешно е завршен проектот за новиот водовод во селото Могорче – капитална и долгоочекувана инвестиција која обезбедува стабилно и квалитетно водоснабдување за жителите на ова подрачје.
Проектот опфати изградба на нов водовод со должина од 3.4 километри, кој го поврзува природниот извор со двата главни резервоари на селото. Оваа стратешка инвестиција конечно ги решава долгогодишните проблеми со недоволното и нерегуларно водоснабдување на локалното население.
Покрај водоводот, реализирано е и отворање и уредување на планински пат, финансиран од буџетот на општината, кој овозможува пристап на механизацијата за одржување во текот на целата година. Оваа нова инфраструктура значително ќе го олесни и движењето на сточарите и жителите кон планинските подрачја.
Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, истакнува дека овој проект претставува доказ за континуираната посветеност на општината за подобрување на квалитетот на живот и спроведување на одржливи инвестиции во секое населено место на Дебар.
Општина Дебар останува посветена на понатамошен развој на инфраструктурата, модернизација на услугите и создавање подобри услови за сите наши сограѓани.






0 Comments