Регионалните реформи за управување со отпад
Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, учествуваа на два значајни настани одржани на 9 и 10 декември 2025 година во Скопје, во рамки на регионалните реформи за управување со отпад.
На 9 декември се одржа свечен прием посветен на јакнење на соработката меѓу државните институции, општините и меѓународните партнери, со акцент на заедничката посветеност за современ и одржлив систем за управување со отпад.
На 10 декември, општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – нов регионален механизам што овозможува поефикасна координација, долгoroчно планирање и поквалитетни услуги за граѓаните.
МОУО ќе има клучна улога во усвојувањето на регионалните планови за управување со отпад, координирањето на затворањето на постојните депонии, надгледувањето на регионалниот систем и обезбедувањето транспарентност и вклученост на јавноста.
Формирањето на МОУО го означува почетокот на новата фаза на реформата, која вклучува изработка на Регионален план 2026–2032 и финализирање на регионалните комунални структури.
Општина Дебар останува целосно посветена на унапредување на еколошките стандарди и подобрување на јавните услуги во интерес на граѓаните.








0 Comments