Теренска посета во рамки на проектот за интегрирано управување со шумите
Денеска реализиравме теренска посета во шумското подрачје Тартар Елевце, на територијата на Општина Дебар, во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите во сливот на реката Дрим“, кој се имплементира од CNVP во партнерство со ICEP Austria и е финансиран од Австриската агенција за развој (ADA).
Присутни на посетата беа:
• г. Нехат Рамадани, Директор на CNVP во РСМ
• г. Матијас Хуменбергер, Заменик амбасадор на Австриската амбасада
• г. Давид Мукенхубер, Раководител на канцеларијата на ADA во Албанија
• г-ѓа Астрид Таус, Менаџерка на проект од ICEP Austria
Проектот е во завршна фаза, и како резултат на истиот, на територијата на Општина Дебар се засадени 10.000 дрвја, а доделен е и подгрант за поддршка на едно семејно пчеларство.
По посетата, од страна на Австриската амбасада и CNVP беше организиран работен ручек, на кој се разговараше за можности за понатамошна соработка, особено во областа на екологијата и планинскиот туризам.










0 Comments