Петтата седница на Превентивниот совет
Денес, во просториите на Општина Дебар, се одржа петтата седница на Превентивниот совет, на која се дискутираше за прашања од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните.
Дневниот ред ги опфати следниве точки:
1. Дискусија за мерки за зголемување на јавната безбедност и превенција од кражби и разни закани;
2. Управување со отпадот и организирање на чистење на градот во летната сезона;
3. Превенција од пожари и контрола на отворени и затворени површини;
4. Почитување на условите за работа и работното време од страна на угостителските објекти;
5. Регулирање на сообраќајот и паркирањето на возилата во урбаните зони;
6. Други прашања од превентивен и организациски карактер.
На седницата беа усвоени конкретни цели кои ќе се реализираат во најоптимален рок, со цел унапредување на животните услови и безбедноста во нашиот град.
Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници за нивниот придонес и ги повикува граѓаните да бидат вклучени и да соработуваат во остварувањето на овие заеднички цели – за почиста, побезбедна и подобро организирана Дебар.







0 Comments