Јавен повик за Локално собрание за млади
Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( „Службен весник на РСМ“ број 10/2020 ) и член 56 од Статутот на Општина Дебар (“Службен Гласник на Општина Дебар” бр. 27/23,38/24,45/24), иницијативниот одбор распишува:
Јавен повик за Локално собрание за млади
Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Дебар распишува јавен повик за членство во Локалното собрание за млади.
Повикот е отворен за сите младиснки организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
- Да имаат активности на територијата на Општина Дебар;
- Да се основани и активни најмалку една година пред отварањето на овој повик;
- Делегатот/ ката и заменик – делегатот/ ката да се жители на Општина Дебар и да се на возраст од 15 до 29 години.
Членовите на Локалното Собрание на млади имаат задача:
- Да работат на спроведување на активностите на Собранието;
- Да учествуваат во подготовка на документи и
- Да изберат членови на Локалнииот Младински совет (ЛМС).
Иницијативниот одбор ја спроведува постапката за избор на членови на Локалната Собрание на млади на Општина Дебар, а работата на истото се координира и помага од страна на Службеникот за млади во Општина Дебар.
Додека пак, конкретните цели, задачи и начин на работа на членовите на Локалната Собрание на млади се опишани и објаснети ва Прирачникот за Локални Младински совети, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Задолжителни документи:
- Портфолио за работата на организацијата;
- Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница;
- Годишен извештај за работата од претходната година со кој се поврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Дебар;
- Номинација на делегат/ ка и заменик – делегат/ ка со контакт – детали за претставниците
Рокот за пријавување е од 22.04.2025 до 02.05.2025 година.
Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е- маил: dibra@dibra.gov.mk и да ги поднеат во архивата на Општина Дебар, ул. „8-Ми Септември“ бр. 72, 1250 Дебар, со назнака: Апликација за членство во Собранието на Советот на млади.
Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање на Локално собрание за млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Дебар.
0 Comments