8 април-Меѓународниот ден на Ромите

По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, одржав средба со членовите на Здружението „Хена/Месечина“ како и со неговиот претседател г-дин Илми Куртиши. Ја искористив оваа прилика да ги пренесам моите најтопли честитки за овој посебен ден, упатени до целата ромска заедница во нашата општина и пошироко.

Општина Дебар, во соработка со локални и меѓународни невладини организации (како Ромактед), како и со поддршка на централната власт, реализираше голем број значајни проекти од областа на образованието, предучилишното образование и инфраструктурата. Овие иницијативи дадоа значаен придонес за подобрување на благосостојбата на ромската заедница во нашиот град.

Среќни празници на сите Роми – со желба заедно да ја градиме иднината, на темелите на еднаквоста, почитувањето и соживотот!

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content