Достава со јавна објава-Број на предметот: 10-81/5 од 07.03.2025 година
Врз основа на член 84 од ЗОУП (Сл. весник на РМ бр. 124/15), Општина Дебар врши јавна објава за документ ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ДОСТАВЕНО БАРАЊЕ бр. 10-81/5 од 07.03.2025 година, поради тоа што странката е преселен и живеалиштето е непознато за јавниот орган. Објавата Општина Дебар ја врши преку дневен печат кој е дистрибуиран на целата територија на РСМ, односно во дневнитe печати “Нова Mакедонија” и “Коха”. По објавите во горенаведените дневни печати, Општина Дебар на свој трошок ќе изврши и еднократна објава во Службеното гласило на општина Дебар. По горенаведените извршени објави, се смета дека странката е уредно известена за писменото. Име на странката: Мина Камберовска. Последна адреса на живеалиштето: ул. “Дилавер Села” бр. /, Дебар. Број на предметот: 10-81/5 од 07.03.2025 година. Краток приказ на основата на предметот: Општина Дебар, решавајќи по барањето на Фатмир Балоски од Дебар поднесено под број 10-81/1 од 04.02.2025 година, врз основа на член 99 став (10) од Законот за градење, донесе ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ДОСТАВЕНО БАРАЊЕ за започнување на постапка за отстранување на објект во опасност од рушење. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СТРАНКАТА: Врз основа на член 84 став (6) од ЗОУП (Сл. весник на РМ бр. 124/15), ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека за негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка. Градоначалник |
Хекуран Дука
0 Comments