Month: <span>January 2025</span>

2024-Извештај

2024 година помина со многу предизвици со кои успешно се соочивме заедно со администрацијата и советот на општината како и во тесна соработка со граѓаните, институциите на централната власт, инвеститорите, месните заедници, невладините здруженија, културните друштва и спортските клубови.

Оваа година како никогаш досега се одликуваше со капитални инвестиции во патна инфраструктура, атмосферска и фекална канализација, животна средина, социјални активности, училишта, социјална заштита, заштита и спасување, сообраќај, администрација…

Чекориме сигурно во 2025 година, подготвени за нови инвестиции од витално значење за Општина Дебар со администрација во која доминира новата генерација, професионално подготвена со современи сфаќања, за да биде во целосна ефикасност во служба на граѓаните. Успех во реализацијата на буџетот за 2024 година од 98%, примерен пораст на капиталните приходи како и наплата на даноци во висина од 200%, се некои статистички параметри кои ги оживуваат надежите за безбеден и перспективен Дебар каде секој од нас може да ги реализира сопствените можности и способности.

Ви благодариме на сите вас кои верувавте дека еден ден ќе се исполнат сите ветувања и останавте непоколебливи на ова патување во име на Бога, семејството и вербата дека Дебар ќе го бидува само со напорна работа од нас дебарчаните без обзир на различностите што ги имаме. Општина Дебар и понатаму стои со висок индекс на транспарентност кон граѓаните, отворена е за сите за соработка со цел да се врати кредибилитетот и заедно да патуваме кон следните успеси.

Честитки и со здрвје нова 2025 година со многу работа и радост!

П.С

Подолу се објавени фотографии кои го одразуваат годишниот извештај за работа на општината пред општинската администрација и пред пишаните и електронските медиуми.

Празнична атмосфера во центарот на градот плоштадот “Скендербеј”

Општина Дебар во соработка со Здружението „Рајчица“ организираа празнична атмосфера во центарот на градот плоштадот “Скендербеј” по повод новогодишните празници. Оваа активност беше голема атракција посебно за младите и децата кои покажаа посебен интерес за оваа активност.

Честитки и среќни празници!

Уште едно инфраструктурно ветување реализирано во Горно Косоврасти.

Уште едно инфраструктурно ветување реализирано во Горно Косоврасти. Како никогаш досега, паркингот за жителите на селото стана реалност, со проектот на Oпштина Дебар кој финансиски беше покриен од буџетот на претходната влада и со учество од буџетот на Општина Дебар.

Продолжуваме со инвестиции и во други проекти во урбаниот и руралниот дел на општината.

Посебен проект со кој се предвидува чистење на каскадите

Долно Косоврасти неколку години беше загрозено од ерозивниот материјал што го предизвикува планинскиот дел секоја есен и зима кога почнаа врнежите. Општина Дебар ги превземаше сите мерки за чистење на материјалот од селските патишта кои го донесоа невремето.

Годинава е изработен посебен проект со кој се предвидува чистење на каскадите кои го спречуваат ерозивниот материјал што би ги покривало патиштата на селото како и спречување на оштетување на куќите лоцирани во овој реон.

Проектот деновиве почна да го реализира договорената фирма а со која е исполнето и ветувањето дадено пред жителите на оваа село.