ЈАВЕН ОГЛАС за пријавување на членови на партиципативно тело на Oпштина Дебар

Врз основа на член 46 став (3) од Законот за урбанистичко планирање („Службен Весник на Република Северна Македонија“ Бр. 32/2020, 111/23, 171/2, 224/24), Градоначалникот на Општина Дебар на ден  27.11.2024  година објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС

за пријавување на членови  на партиципативно

тело на  Oпштина  Дебар

1.Предмет на јавениот повик е:

Доброволно пријавување на лица за членови на Партиципативното тело на Општина   Дебар.

 Партиципативното тело на општина Дебар ги претставува сите различни интереси и интересни групи во општината и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граганите и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината.

2. Услови за пријавување:

Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани  лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планираье и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на општината.

3. Документи кои треба да се поднесуваат:

– Пријава за член на партиципативно тело на Општина Дебар   (образецот е во прилог на повикот),

– Кратка автобиографија,

– Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот).

-Изјава за прифакање на условите по овој повик (образецот е во прилог на  повикот)

-Релевантен писмен доказ за исполнување на условите за учество од точка 2 на огласот ( копија )

4. Рок и место на поднесување на пријави:

 Пријавите по јавниот оглас со комплетната документација можат да се поднесат на адреса: Општина Дебар, ул.8-ми Септември“ бр 72 или во ахивата на на Општина Дебар,  во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот  повик.

На  пријавата да се наведе : Пријава  по   јавен оглас за членови на  партиципативно тело за подрачје на Општина Дебар

5.Обврски на членовите на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко ппанско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

Согласно одредбите на Законот за урбанистичко планирање, на членовите на Партиципативното тело не ги следува надоместок за учеството во неговата работа.

6.Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во  деловникот на партиципативното тело што го донесува Советот на Општина Дебар , при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *