Предмет: Известување – ОБЈАВУВА Барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), Градоначалникот на Општина Дебар,

ОБЈАВУВА Барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола

До Градоначалникот на Општина Дебар доставено е комплетно барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола со арх. бр. 10-767/1 од 20.08.2024 год.

Подносител на Барањето: ГИПС И ГИПСЕНИ ПРЕФАБРИКАТИ КНАУФ – РАДИКА АД – ДЕБАР Приоритетна дејност: 23.62 – Производство на производи од гипс за градежни цели. Локација на инсталацијата: 8 ми Септември бб, Дебар, КП.бр.843/1 КО Дебар. Контакт Лице: Омер Цами Категорија на инсталацијата: Согласно Уредбата, Прилог 2 точка 3. Индустрија на минерали (3.2) Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерална суровини доколку не се опфатени со прилог 1 од оваа Уредба Целокупната документација содржината во Барањето, потребна за оформување и доставување на мислење и ставови е достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена и тоа од 01.10.2024 година до 15.10.2024 година на www.dibra.gov.mk.

B – integrirana ekoloska dozvola – Knauf Radika AD Debar

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *